Селекторот на нашата женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски и десното крило, Сара Ристовска, во денешното гостување во Спортско радио 90,3 ФМ, потенцираа дека сите се максимално мотивирани за мечот со Шпанија во квалификациите за Европското првенство. „Не очекува натпревар со силен противник но, нема да излезeме со бело знаме. Одлично се подготвуваме и се надеваме дека ќе успеeме да ја изненадиме фаворизираната Шпанија. За жал, Дабевска поради повреда не може да ни помогне“ – вели Грчевски. „Шпанија е одлична репрезентација со која можеме да ги одмериме силите. Ќе ставиме фокус на нашата игра бидејќи немаме што да загубиме. По двете…
Author: dino
Настанот – „Lake Ohrid SUP Crossing“ или Преминување на Охридското езеро со даски за стоечко веслање закажан на 20 јули во организација на- „Paddle klub“, дефинитивно треба да биде летна атракција за сите посетители на нашата езерска убавица. За традицијата на настанот, условите за пријавување и сите придружни активности, денеска проговоривме со еден од организаторите, Дамјан Петрески. „Нашата цел е да го промовираме спортот кај сите генерации. Трката кај рекреативците ќе биде долга 26 километри и ќе биде покрај самата обала додека професионалците ќе веслаат 23 километри со неколку мерни станици. Патеката е од Свети Наум до Охрид. Конкуренцијата…
Екипата на Рома доцна синоќа успеа да го победи Торино со 3:2 во рамките на Серија „А“ и да освои значајни бодови во трката за евро-виза. Напаѓачот на „волчицата“, Пауло Дибала, не го криеше задоволството од прикажаната игра и фактот дека беше единствениот стрелец за неговиот состав. Тоа беше првиот хет-трик за Аргентинецот гледано од октомври во 2018 година. „Помина долго време откако ја однесов топката дома. Навистина го сакав тој хет трик. Против Калјари бев блиску до гол но, потоа тренерот ме замени“ – прокоментира Дибала.
Фудбалерите на Лацио вчера загубија на теренот на Фиорентина со 2-1 а нивниот тренер, Маурицио Сари, не крие дека е разочаран од прикажаното. „Слаба изведба, видов дека тимот има психолошка депресија. Дали јас ги направив трансферите во Лацио? Мислам дека клубот во јули јасно стави до знаење кој го направи тоа. Ако од тебе барам играч А морам да изберам помеѓу Ц и Д… тоа не значи дека сум направил трансфери“ – изјави Сари. Лацијалите со 40 бодови се наоѓаат дури на осмото место на табелата во Серија „А“.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, проговори за притисокот што го чувствуваат клубовите кои се главни фаворити за освојување на трофеи. „Подобро е отколку да се бориме за 10-то место на табелата. Да се игра секој натпревар знаејќи дека сè е готово ако загубите, тоа ве држи под тензија. Во исто време, во август и септември, не може да размислувате за трофеи“ – рече Гвардиола. Неговиот состав се наоѓа на второто место на табелата во Премиер лигата со еден бод заостанување зад лидерот, Ливерпул.
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, ја критикуваше работата на тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг. „Се сомневам дека Сер Џим Ретклиф и Дејв Брејлсфорд, знаат дали Ерик Тен Хег ќе биде менаџер следната сезона. Не ми се верува дека ќе чекаат до мај за да ја донесат оваа одлука и потоа да се најдат во ќорсокак“ – вели Невил. „Без разлика дали сте навивач или не, никој не знае што се обидува да направи клубот секоја недела и тоа е проблем“ – изјави Невил.
Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, објасни зошто се определи да ја продолжи кариерата во Ферари. Познато е дека седумкратниот шампион од 2025 година ќе седне во болидот на „црвеното коњче“. „Одлуката беше донесена многу брзо. Околу новогодишните празници, се појави оваа можност – и решив да ја искористам. Ми требаше секунда да размислам. Немав многу време, морав да се потпрам на моето чувство и решив само да ја искористам можноста“ – вели Хамилтон. „Не разговарав со никого, не им кажав ниту на моите родители пред официјалното соопштение, така што никој не знаеше. Сакав сам да одлучам“ – вели…
39-годишниот Жил Симон, кој се пензионираше во 2022 година, се очекува да започне да работи со Данил Медведев пред турнирот во Индијан Велс. Французинот веројатно ќе поминува најмалку 10 недели годишно со најдобриот руски тенисер. Весникот –„ L’Equipe“ го цитира Жил Червара, долгогодишниот тренер на шампионот на УС Опен од 2021 година, кој вели дека „од лични причини“ ќе ја намали бројката на патувања. „Консултант, втор тренер, помошник тренер… Не ми е грижа. Значајно ќе биде да има квалитет во работата и добра динамика меѓу сите членови во тимот“ – вели Червара.
Поранешниот фудбалер за врска на германската репрезентација и на Баерн Минхен, Лотар Матеус, ги оцени шансите на Томас Тухел да ја заврши сезоната на кормилото на Баварците. „На натпреварот против Лајпциг, тимот работеше барем во фази и по долго време видов состав што можам да го разберам“ – вели Матеус. „По тој дуел, верувам дека Тухел веројатно ќе издржи до крајот на сезоната во однос на резултатот и ефикасноста“ – изјави Матаус цитиран од Скај Спорт Германија.
Кошаркарите забележа значајна победа на теренот на Полска со 96:71 со што ги задржаа шансите за пласман на континеталниот собир во 2025 година. Благодарение на одличната игра во одбраната и високиот просек на реализација, заминавме на паузата со предност од 9 кошеви. Одличното издание на нашите продолжи и во вториот дел. Домаќинот беше немоќен да парира. Најефикасен беше Ненад Димитријевиќ со 32 поени, седум скокови и осум асистенции. Итан Хап застана на 19 поени и седум скокови додека Стојан Ѓуровски обезбеди 17 поени. Кај Полска се издвои Михал Михалак со 20 поени. Во вториот меч во групата, Естонија ја совлада Литванија со…
