Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, објасни зошто се определи да ја продолжи кариерата во Ферари. Познато е дека седумкратниот шампион од 2025 година ќе седне во болидот на „црвеното коњче“.
„Одлуката беше донесена многу брзо. Околу новогодишните празници, се појави оваа можност – и решив да ја искористам. Ми требаше секунда да размислам. Немав многу време, морав да се потпрам на моето чувство и решив само да ја искористам можноста“ – вели Хамилтон.
„Не разговарав со никого, не им кажав ниту на моите родители пред официјалното соопштение, така што никој не знаеше. Сакав сам да одлучам“ – вели Хамилтон.