Кошаркарите на Милвоки во текот на ноќта загубија од Мемфис со 113:110 а нивниот тренер, Док Риверс, не крие дека е изнервиран од односот на ѕвездите во тимот.
Според него, дел од кошаркарите не размислувале за средбата туку за мини-одморот кој ги очекува додека се реализира – „Ол Стар“ викендот.
„Некои од нашите играчи беа таму на теренот а некои веќе беа на плажата во Мексико“ – беа зборовите на Риверс.

