Девин Хени (31-0) и Рајан Гарсија (24-1) се договорија за боксерски меч на 20 април. Хејни ќе го брани појасот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во супер-лесна категорија.
Хени ја заврши 2023 година со едногласна одлука за победа против Регис Прогрес. За него тоа беше деби во категоријата до 63,5 килограми.
Гарсија пак, се врати по поразот од Дејвис во мај 2023 година откако победи со нокаут во осмата рунда на мечот со Оскар Дуарте.