Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, кој се опоравува од операцијата на менискусот на левото колено, планира да се врати на теренот пред крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА.
Камерунецот откри дека проблемите со коленото датирале од крајот на минатата сезона и дека морал да се оперира.
„Се зависи од тоа како ќе реагира моето тело. Ако сум добро, ќе се вратам, во спротивно ќе продолжам со рехабилитацијата“ – вели кошаркарот на Филаделфија.