Македонските ракометари на 15 и 16 март во градот Браила ќе одиграат два пријателски меча со селекцијата на Романија.
Селекторот, Кире Лазаров денеска го објави списокот на репрезентативци. Меѓу нив се тројца дебитанти: Николас Најденовски, голманот Иван Галевски и Валентин Карасманакис.


