Макс Верстапен го забележа петтиот грен слем во кариерата за време на првиот викенд од сезоната во Формула 1. Холанѓанецот успеа да победи во вчерашните квалификации а денеска го постави и најбрзиот круг на патеката во Бахреин.
Второто место го освои неговиот клупски колега, Серхио Перез од Ред Бул додека членот на Ферари, Карлос Саинц го пополни третото на подиумот. Во топ десет завршија: Џорџ Расел, Ландо Норис, Луис Хамилстон, Оскар Пјастри, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
Холанѓанецот претходно имаше максимален ефект во Австрија 2021, Емилија Ромања 2022, Шпанија 2023 и Катар 2023 година. Покрај Верстапен по пет такви успеси имаат и двократниот светски шампион Алберто Аскари и седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер. Пред нив се само Џим Кларк со осум и Луис Хамилтон со шест.