Крилниот фудбалер на Тотенхем, Дејан Кулушевски, се наврати на годините поминати во Јувентус. Тој во првата сезона одигра одлично но, по доаѓањето на Макс Алегри, работите неочекувано драстично се променија. „Едвај започнав натпревар во шест месеци. Се чувствував ужасно дури и безвредно. Некои ми рекоа дека не сум доволно добар“ –изјави Кулушевски. „Знам дека луѓето мислат дека не успеав во Јувентус. Вистина е дека последните шест месеци беа тешки“ – изјави Шведскиот интернационалец кој прво играше како позајмен во Тотенхем за потоа да стави потпис на перманентен договор.
Author: dino
Англиските фудбалски состави Манчестер Јунајтед и Челзи се заинтересирани за стоперот на Барселона, Жил Кунде, кој може да игра и по страничните позиции, објави весникот – „Мундо депортиво“. Тимот од „Олд Трафорд“ и претходно беше заинтересиран за 25 годишниот играч кој во 2022 година ја напушти Севилја и се пресели во редовите на Каталонците. За неговиот потпис беа платени 50 милиони евра плус бонуси. Токму во тој период и Челзи се обиде да го ангажира Кунде но, фудбалерот преферираше да остане на Пиринеите.
Според –„The Telegraph“, Манчестер Јунајтед, сака да се раздели со крилниот фудбалер, Ентони но, полициската истрага, би можела да ја отежне продажбата. Ќе потсетиме дека Бразилецот е обвинет за физички напад врз неговата девојка. Доколку Јунајтед биде принуден да го продаде Ентони, клубот ќе може да бара само дел од 85,5 милиони фунти што ги плати за него во 2022 година. Ентони во сезонава одигра 22 натпревари во најсилната лига на Англија но, не се запиша во листата на стрелците.
Според „RMC Sport“, крилниот фудбалер на Ливерпул, Луис Дијаз, се наоѓа на радарот на францускиот елитен клуб – ПСЖ. Иако Колумбиецот на трансфер – пазарот тежи околу 80 милиони евра, дел од челниците на тимот кои доаѓаат од Катар, се подготвени да ја платат сумата. Напаѓачот во сезонава одигра 27 натпревари во Премиер –лигата со ефект од 6 голови.
Селекторот, Драган Канатларовски, денеска го објави списокот за претстојните дуели од квалификациите за ЕП 2025 во Словачка. Селекцијата до 21 година прво ќе игра со Гибралтар (21 март) а потоа и Шведска (25 март) на арената – „Тодор Проески“ во Скопје. „Не очекуваат два многу значајни меча од кои првиот со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, се’ друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добри светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник“ – изјави Канатларовски.
Шпанскиот фудбалски состав, Барселона, ќе се ослободи од услугите на Роналд Араухо, доколку пристигне примамлива понуда во текот на летото, објавија денеска медиумите во Каталонија. Челниците на екипата од „Камп Ноу“, ќе бараат за потписот на дефанзивецот најмалку 100 милиони евра. Неговиот договор е валиден до јуни во 2026 година. Не е тајна дека луѓето од Баерн Минхен се заинтересирани за 25 годишниот интернационалец од Уругвај.
Лина Ѓорческа не успеа да влезе во второто коло во игра на двојки на турнирот Аламинос кој се реализира во Ларнака на Кипар. Таа и Лола Радивојевиќ од Србија денеска загубија од Франческа Цурми (Малта) и Кристина Дину (Романија) со 2-1 во сетови. Нашата најдобра тенисерка утре ја очекува мечот од втората рунда во поединечна конкуренција со Италијанката, Матилде Паолети. Нашата репрезентативка, Магдалена Стоилковска, го загуби првиот меч на ИТФ Фјучрсот во Египет во Шарм Ел Шеик. Таа загуби од Јунг Јеонг од Кореја со 2:0 во сетови.
Фудбалерите на Арсенал од 21.00 часот ќе излезат на мегдан со Порто. Домаќниот ќе се обиде да ја анулира негативата од првата средба кога загуби со 1-0 „Топчиите“ ќе играат против историјата бидејќи победија само еднаш на последните девет натпревари во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тие не влегле во 1 /4 финалната фаза од 2010 година. Двата тима се сретнале седум пати во елитата на стариот континет. Арсенал има три победи, еден дуел завршил нерешено а Порто победил три пати. Гол разликата е 15-5 во корист на англичаните. За Арсенал во првата постава се очекуваат: Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Кивиор;…
Во шпанскиот дел на Пиринеите, Барселона ќе го пречека Наполи. Првата средба на „Чизмата“ заврши 1:1. Тоа ќе биде втора пресметка на двајца најдобри напаѓачи во европскиот фудбал кои погодија во Неапол. Роберт Левандовски и донесе предност на Барселона а Виктор Осимен го спаси неговиот тим од пораз. Наполи не успеа да постигне гол само на еден од последните 14 натпревари во клупското натпреварување на УЕФА против шпански тимови. Од другата страна, Левандовски има 18 голови во 21 настап во осминафиналето. Можни состави. Барселона: Тер Штеген; Кунде, Араухо, Кубарси, Мартинез, Жоао Кансело, Кристенсен, Гундоган; Јамал, Левандовски, и Рафиња. Наполи: Мерет;…
Најдобриот фудбалер на Болоња, Џошуа Циркзи, се соочува со повреда и нема да може да му помогне на тимот во периодот кога се крои спискот на патници за Лигата на шампионите за наредната сезона. Холандскиот фудбалер кој заработи повреда на мускулот на мечот со Интер во Серија „А“, ќе мора да одмора најмалку еден месец. Неговиот тим е на четвртото место во рангирањето кое го носи во Лигата на шампионите. Има три бода повеќе од Рома и четири од Аталанта која е на шестото место. Циркзи претходно во кариерата го носеше дресот на Баерн а играше како позајмен и во…
