Author: dino

Денеска во Нион беа формирани двојките за последните две рунди во фудбалската Лига на Европа. Во четврфиналето ќе играат Милан-Рома, Ливерпул- Аталанта, Баер Леверкузен-Вест Хем и Бенфика-Олимпик Марсеј. Веднаш се определени и можните двојки во полу-финалето. Португалците или Французите  ќе вкрстат со „црвените“ или тимот од Бергамо. Во втората пресметка ќе игра еден од италијанските тимови од Милано или Рим и подобриот од дуелите на „фармацевтите“ и „чеканите“ од Англија. Четвртфиналето ќе биде на 11 април и реваншите седум денови подоцна. Полуфиналните мечеви ќе бидат на 2 и 9 мај а финалето е закажано на 22 мај во Даблин (Ирска).

Read More

Дуелот меѓу Реал Мадрид  и Манчестер Сити привлекува најголемо внимание во четвртфиналето во Лигата на фудбалските шампиони. Најтрофејниот состав во елитата на Европа ќе биде домаќин на 10 април додека актуелниот бранител на пехарот ќе ја има предноста на домашен терен на реваншот во Англија. Во другите пресметки ќе играат: Арсенал-Баерн Минхен, Атлетико Мадрид-Борусија Дортмунд и ПСЖ-Барселона. Веднаш се формираа и комбинациите за полу-финалето. Победникот од двомечот меѓу „кралевите“ и „граѓаните“ ќе вкрсти со севкупниот победник од натпреварите меѓу „топчиите“ и Баварците. Вториот пар во последниот елиминациски филтер ќе го состават победниците од пресметките меѓу шпанскиот состав и „милионерите“ од…

Read More

Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Емануел Пети, направи паралела меѓу  поранешниот  тренер на „топчиите“ Арсен Венгер и сегашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп. „Претпоставувам дека може да се каже дека Клоп го надмина Венгер затоа што ја освои Премиер лигата и Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига купот“ – вели Французинот. „Венгер ја освои Премиер лигата три пати и сите се сеќаваат на таа сезона без пораз но, ја пропушти шансата да ја освои Лигата на шампионите “  – рече Пети.

Read More

Весникот – „Билд“, тврди, дека луѓето од Арсенал се заинтерсирани за 19-годишниот играч од средниот ред на Ајнтрахт Франфурт, Хуго Ларсон. Германскиот состав ќе мора да се раздели со неколку играчи во текот на летото доколку не успее да се пласира на европските турнири. Тоа сакаат да го искористат „топчиите“  и да го привлечат Швеѓанецот на стадионот –  „Емирати“. Ларсон  има договор до 2028 година. 

Read More

Кошаркарите на Фенербахче доцна синоќа ја совладаа Валенсија на домашен терен со 118:88 и поставија рекорд во Евро-лигата по бројот на постигнати тројки. Турскиот тим забележа 24-ри или две повеќе од досегашниот рекордер, кој интересно, доаѓа од истиот шампионат а тоа е Анадолу Ефес. Воедно, 118 поени претставува и клупски рекорд на Фенербахче. Предводник на домаќините беше Тајлер Дорси со 28 поени и 3 скока додека Најџел Хејс-Дејвис додаде 21 поен.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не крие дека е задоволен со одличната партија и сигурната победа против Спарта Прага во елиминациите во Лига Европа. „Црвените“ вчера на реваншот славеа со убедливи 6:1 а мечот го решија во првите 14 минути кога погодија дури четири пати во голот на Чесите. Потоа се беше само забава за фановите на – „Енфилд.  „Стадионот беше распродаден, се беше подготвено за навистина добар натпревар. Момците започнаа неверојатно добро, навистина ми е мило за публиката“ – потенцираше Клоп.

Read More

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Барселона, Роналд Араухо, изјави дека сака да остане во редовите на Каталонците. Неговата реакција доаѓа како резултат на шпекулациите дека шпанскиот состав сака да го стави на трансфер-листата доколку добие добра понуда. „Мојата иднина зависи од клубот. Сите знаат дека сум многу среќен во Барса и благодарен сум на Чави“ –  изјави Араухо. Ќе потсетиме дека  26-годишниот играч има договор со клубот до 2026 година.

Read More

Нашите најдoбри фудбалери кон крајот на месецов ги очекуваат два контролни меча во турска Анталија. На 22-ри ќе ги одмериме силите со Молдавија додека на 25-ти ќе излеземе на мегдан со Црна Гора. Селекторот, Благоја Милевски, се определи да повика 28 репрезентативци. Еве го комплетниот список. . ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија; СРЕДЕН РЕД: Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија, Давид БАБУНСКИ – Мезекевешд, Унгарија, Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел,…

Read More

Турските медиуми објавија дека Жозе Мурињо, може да го преземе кормилото на фудбалскиот состав Фенербахче. Тие се повикуваат на италијански извори кои тврдат дека Португалецот би можел да го преземе турскиот великан во почетокот на следната сезона. „Специјалниот“ во јануари ја напушти „римската волчица“ . Тој во сезонава ја предводеше италијанската екипа на 28 натпревари а забележа 13 победи, девет порази и шест нерешени. Мурињо во богатата кариера работеше во  Порто, Челзи, Интер, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем и Рома.

Read More

Фудбалерот на Болоња, Луис Фергусон, влегува во трансфер-плановите на италијанските гиганти Јувентус и Наполи, објавија тамошните медиуми. Играчот од средниот ред има одлични партии во сезонава а неговиот тим се бори за место во Лигата на шампионите. Евентуалниот трансфер би се случил во текот на летото. 24-годишниот фудбалер пред две години си замина од шкотскиот Абердин и го облече дресот на Болоња. Тој во сезонава има 6 голови и 5 асистенции на 25 одиграни мечеви.  

Read More