Кошаркарите на Фенербахче доцна синоќа ја совладаа Валенсија на домашен терен со 118:88 и поставија рекорд во Евро-лигата по бројот на постигнати тројки.
Турскиот тим забележа 24-ри или две повеќе од досегашниот рекордер, кој интересно, доаѓа од истиот шампионат а тоа е Анадолу Ефес. Воедно, 118 поени претставува и клупски рекорд на Фенербахче.
Предводник на домаќините беше Тајлер Дорси со 28 поени и 3 скока додека Најџел Хејс-Дејвис додаде 21 поен.