Author: dino

Селекторот на фудбалерите на Англија, Герет Саутгејт, го објави списокот за пријателските натпревари против Бразил и Белгија.  На истиот фигурираат: голмани Џордан Пикворд( Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал), Сем Џонстон (Кристал Палас). Дефанзивци : Џерад Брантвејт (Евертон), Бен Чилвел (Челзи), Луис Данк (Брајтон), Џозеф Гомез (Ливерпул), Хари Мегваер (Манчестер Јунајтед), Езри Конса (Астон Вила) ), Џон Стоунс, Кајл Вокер (двајцата Манчестер Сити ); Играчи од средниот ред : Џуд Белингем (Реал Мадрид), Конор Галагер (Челзи), Џордан Хендерсон (Ајакс), Џејмс Медисон (Тотенхем), Деклан Рајс (Арсенал), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед); Напаѓачи : Џерод Бовен (Вест Хем), Фил Фоден (Манчестер Сити), Ентони Гордон (Њукасл), Хари Кејн (Баерн), Кол Палмер…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година oд денеска се подготвува за мечевите на домашен терен против селекциите на Гибралтар и Шведска за пласман на Европското првенство 2025 година. На 21. март ќе се соочиме со репрезентацијата на Гибралтар. Додека пет денови подоцна на националната арена „Тодор Проески” ќе играме со Шведска. „ Со нетрпение ги очекуваме дуелите со Гибралтар и Шведска.  Играме на домашен терен, што претставува позитивна работа. Сакаме да покажеме дека победата против Шведска во првото коло не беше случајна. Најпрво треба да одиграме меч со Гибралтар“ – вели фудбалерот Стефан Деспотовски во изјавата за сајтот на ФФМ.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, уживаше во една од најзначајните победи откако го презеде кормилото. „Црвените ѓаволи“ вчера во продолжение го победија Ливерпул со 4-3 во четвртфиналето на ФА Купот. „Првите 30 минути беа нашите најдобри од почетокот на сезоната. Игравме многу компактно но, потоа попуштивме. Сепак на крајот ги искористивме шансите“ – изјави Холанѓанецот на клупата на Јунајтед.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне призна дека неговиот тим бил надигран од Барселона во дербито на Примера Дивизион. „Јорганџиите“ доцна синоќа загубија со 3-0 на „Ванда Метрополитано“. „Нашиот противник беше супериорен. Имавме шанси но, Бариос и Мората промашија. Вториот примен гол практично го реши натпреварот“, истакна Симеоне. Аргентинецот загуби 64% од натпреварите против Барселона во Ла Лига. Под негово водство, Атлетико има само 2 победи од 25 натпревари.

Read More

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, го победи Данил Медведев во финалето на Индијан Велс и со тоа го одбрани трофејот во Калифорнија. За време на тај-брејкот од првиот сет, Русинот ги загуби нервите и влезе во конфликт со судијата, Мохамед Лајани. Toa подоцна се одрази на неговата игра што пак, максимално го искористи противникот. Алкараз по триумфот не криеше дека е задоволен. Шпанскиот тенисер ја освои 13-та титула во кариерата и петтиот Мастерс. Toj e  првиот тенисер што ја одбрани титулата во Индијан Велс по Србинот, Новак Ѓоковиќ во 2016 година.

Read More

Фудбалерите на Интер по елиминацијата во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид, вчера одиграа нерешено со Наполи во дербито на Серија А со што ја прекинаа одличната серија на победи. Нивниот тренер, Симоне Инзаги, вели дека ништо не е загубено и дека неговите играчи треба да останат фокусирани во битката за Скудетото. „Наполи е противник од висока класа и направивме грешка што не чинеше победа. По 10 последователни победи во Калчото не треба да жалиме за загубените два бода“ – вели Инзаги.

Read More

Македонскиот боксерски репрезентативец, Ален Рустемовски, кој го освои сребрениот медал на меѓународниот турнир во Белград, се огласи на социјалните мрежи. -Победите и поразите се составен дел . Имав двајца исклучително квалитетни противници од Шпанија и Русија, освојувачи на европски и светски медали и две супер велесили во боксот“, напиша на Фејсбук, Рустемовски по финалето со Едуард Савин од Русија. Рустемовски кој загуби со одлука на судиите, сега ќе се подготвува за Европското првенство.  

Read More

Лина Ѓорческа влезе во полу-финалето на турнирот кој се реализира во Ларнака на Кипар. Таа денеска лесно ја „скокна“, Русинката, Ксенија Зајцева со 2-0 во сетови. Македонската тенисерка лесно ги доби двата сета со идентични 6-2 и 6-2. Ѓорческа сега ја очекува меч со Италијанката, Нуриа Бранкачо, која е на 240 место на ВТА листата.

Read More

Комесарот за натпревари во Кошаркарската федерација, Александар Милојевиќ, донесе одлука да се доигра вчерашниот меч меѓу Чаир и МЗТ кој беше прекинат на полувремето откако гостите од Аеродром се пожалиле дека биле нападнати од неофицијални лица. Чаирчани имаат рок денеска до 20.00 часот да достават термин за доигрување на прекинатиот натпревар согласно актите на КФСМ. Натпреварот од 20 коло ќе продолжи во празна сала со резултат и време од моментот на прекинот. Поради влегување на неофицијални лица во подтрибинскиот простор, Чаир добива парична казна од 40.000 денари а техничкиот раководител на екипата, Алајдин Мустафа, доби парична казна во висина од 20.000…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два контролни меча во Анталија , Турција. На 22 март ќе играме со Молдавија додека три дена подоцна ќе се сретнеме со Црна Гора.  Селекторот, Благоја Милевски, кој  вчера го објави списокот со 28 фудбалери, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, потенцира дека ќе бара максимална ангажираност како на тренинизите така и на мечевите. „По подолг период ќе имаме собир на репрезентацијата но, тоа не зависи од нас туку од  календарот на УЕФА . Мечевите со Молдавија и Црна Гора ни се значајни како подготовка за наредните квалификации. Станува збор за две…

Read More