Првиот голман на нашата „А“ фудбалска селекција, Столе Димитриевски, вели дека го очекува посебен меч против Црна Гора на подготовките во турската, Анталија. „ За мене е специјален меч бидејќи моето деби беше со победа против Црна Гора од 3-1 во Скопје. Мислам дека концентрацијата во финишот на мечот мора да ни биде на повисоко ниво бидејќи често примаме голови во последните 15-20 минути“ – вели Димитриевски. „ Голот со Молдавија кој го примив беше фантастичен и можам да кажам дека таков убав гол немам примено можеби добри пет или шест години“ – потенцираше нашиот репрезентативец пред утрешниот меч.
Author: dino
Селекторот Благоја Милевски, пред утрешниот меч со Црна Гора на мини подготовките во Анталија, вели дека ќе направи промени во составот во однос на дуелот со Молдавија. „Ќе има промени во составот бидејќи тука сме дојдени за да го провериме потенцијалот на некои играчи – вели Милевски. „Има ситни проблеми со повреди, па денешниот тренинг ќе ни покаже кој ќе биде подготвен и кој ќе започне“ – потенцираше Милевски пред утрешниот меч од 18 часот.
Возачот во Мото Гран При шампионатот, Енеа Бастијанини, ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Португалија додека Маверик Вињалес, беше најбрз во спринтот. Утре на патеката веднаш до Италијанецот ќе бидат Маверик Вињалес и Хорхе Мартин. Во спринтот денеска на првото место заврши Вињалес пред Марк Маркез и Мартин. Бањаја е лидер во генералниот пласман со 37 бодови, пред Мартин и Биндер. Трката за Големата награда на Португалија е закажана за утре.
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денеска загуби од Швајцарија со 2-0 и практично е елиминирана од трката за првата позиција во групата што носи пласман на Европското првенство. Средбата во Скопје беше решена со головите на Жуниор Луке во 12. минута и на Ромео Бенеј кој во финишот постигна евро-гол. Во последното коло на терените на ФФМ, Македонија ќе се сретне со Летонија која исто така има два пораза. Дуелот е закажан за в среда од 14.00 часот. Тогаш ќе се одигра
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе ја предводи колоната на утрешната трета трка од тековниот шампионат во Формула 1 која ќе биде возена на патеката во Мелбурн. Веднаш до него ќе биде Карлос Саинц со болидот на Ферари и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез. Позади нив ќе се наредат: Ландо Норис, Шарл Леклер, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Јуки Цунода, Ленс Строл и Фернандо Алонсо. Трката за Големата Награда на Австралија ќе започне утре во 05:00 часот по наше време.
Претседателот на фудбалскиот состав Барселона, Жоан Лапорта, одговори на прашање за иднината на Кансело и Феликс кои настапуваат како позајмени до крајот на сезоната. „Мислам дека ќе останат. Се надевам дека Атлетико ќе дозволи Феликс да продолжи да игра за нас. Мислам дека и Сити нема да реагира. – рече првиот човек на Каталонците. Кансело и Феликс доколку не добијат дозвола од нивните клубови да останат на „Камп Ноу“, ќе мораат да си заминат
Луѓето од Јувентус планираат да му понудат на фудбалерот, Душан Влаховиќ, околу 8 милиони евра годишно и да му го прoдолжат договорот до 2028 година, пренесува денеска – „Corriere dello Sport“. Напаѓачот е подготвен да го продолжи договорот но, бара од Јуве да ја зголеми понудата на 10 милиони евра годишно. Тој во сезонава одигра 25 натпревари на кои постигна 15 голови и 4 асистенции.
Напаѓачот на нашата фудбалска репрезентација, Милан Ристовски, вели дека треба да бидеме задоволни од прикажаното на вчерашниот пријатеслки меч со Молдавија Одигравме добар меч, доминиравме во поголемиот дел но, за жал едно наше невнимание направи да останеме без победа“ – вели Ристовски „Секогаш може да се даде повеќе на терен. Да постигневме уште некој гол сигурно ќе стигневме во посакуваната победа“ – изјави Ристовски
Репрезентативецот, Никола Серафимов, вели дека Молдивија се покажала како добар противник на вчерашниот меч во Анталија и дека сега треба да се насочиме кон натпреварот со Црногорците. „Креиравме неколку шанси за гол но, ни се случи непишаното фудбалско правило и пристигна казната за промашувањата“ – вели Серафимов. „Црна Гора е поквалитетен противник, имаме уште два дена за подготовки и одиме на победа“ – потенцираше нашиот фудбалер.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, постигна најдобро време на вториот слободен тренинг за Големата награда на Австралија во Мелбурн. Втор беше светскиот шампион Макс Верстапен со Ред Бул пред неговиот тимски колега, Карлос Саинц. Макс во втората сесија започна подоцна бидејќи механичарите имаа уште работа со неговиот болид по ударот на тротоарот на првиот тренинг. Алекс Албон, не учествуваше на вториот тренинг по несреќата што ја имаше во првата сесија.
