Возачот во Мото Гран При шампионатот, Енеа Бастијанини, ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Португалија додека Маверик Вињалес, беше најбрз во спринтот.
Утре на патеката веднаш до Италијанецот ќе бидат Маверик Вињалес и Хорхе Мартин. Во спринтот денеска на првото место заврши Вињалес пред Марк Маркез и Мартин.
Бањаја е лидер во генералниот пласман со 37 бодови, пред Мартин и Биндер. Трката за Големата награда на Португалија е закажана за утре.