Англискиот фудбалски состав Њукасл, реагираше по новите обвиненија од ФА за фудбалерот Сандро Тонали и тоа поради нелегално обложување. Италијанецот кој претходно беше казнет 10 месеци, сега е обвинет за нови 50-ет прекршувања на правилата. Тонали уште ја издржува претходната казна. – Поради тековниот процес, Сандро и Њукасл сега не можат да коментираат ништо “, се вели во соопштението на официјалниот X (поранешен Твитер) профил на англискиот клуб.
Author: dino
Фудбалерот на Ливерпул Луиз Дијаз, имал голема желба да настапува во Примера Дивизион, изјави неговиот татко. „ Мислевме дека Луиз, по заминувањето од Порто, ќе оди во Реал Мадрид или на „Метрополитано“ во Атлeтико. Сепак од таму немаше ништо конкретно за разлика од Ливерпул“ – потенцира таткото на Колумбиецот. „Тој копнееше да живее во Мадрид. Фалкао, Џејмс беа тука. Надежта уште не е изгубена“ – изјави Луис Мануел Дијаз.
Дамјан Саздов, помошник тренер во кошаркарскиот состав Феникс 2010, во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека со пласманот во разигрувањето за титулата е надмината целта и дека тимот останува максимално насочен кон работата со младинските категории. „ Успеавме да ги надминеме првичните очекувања со сениoрскиот состав. Пред сезоната имавме за цел да опстанеме но, очигледно дека со добра тимска работа отидовме чекор понапред и влеговме во втората фаза. Можеме да бидеме задоволни како се одвива сезоната“ – нагласи Саздов во гостувањето во Спортско радио 90,3 ФМ. „Феникс има одлични млади екипи. До 12 и 14 години освојуваме први…
Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, кој игра како позајмен од Лајпциг, може да остане во лондонскиот клуб, пренесуваат медиумите од – „колевката на фудбалот“. Според изворот, управата на „Спарси“ е задоволна од настапот на 28-годишниот Германец и планира да му понуди перманентен договор. Вернер кој одигра 23 натпревари за англискиот тим со ефект од 4 голови и 3 асистенции, има пазарна вредност од околу 17 милиони евра.
Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул имаат желба да го ангажираат крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза, како евентуална замена за Мохамед Салах кој со едната нога е надвор од „Енфилд“. 26-годишниот играч кој се соочи со серија на повреди, не влегува во плановите на тренерот, Алегри и лесно може да си замине од Торино. Трансферната сума би била околу 40 милиони евра. Киеза има 119 натпревари, 29 голови и 22 асистенции за „старата дама“ .
Екипата на Ренџерс со победата во продолжението на мечот со Филаделфија си обезбеди место во разигрувањето за титулата во НХЛ лигата на САД и Канада. Тренерот, Питер Лавиолет, вели дека тоа било очекувано. „Како што игравме цела сезона, веројатно беше очекувано дека ќе се пласираме во плеј-офот. Главна работа е да играте правилно а дури потоа да ја одржувате конзистентноста “ – изјави Лавиолет за веб-страницата на НХЛ. Ренџерс по 72 натпревари го заземаа првото место на Истокот.
Карлос Алкараз пред утрешниот меч со Григор Димитров во четвртфиналето на „Мастерсот“ во Мајами, вели дека противникот игра одличен тенис. „Знам дека е многу талентиран играч, многу тежок противник. Ќе се обидам да го покажам мојот најдобар тенис и да стигнам до победа“ – изјави 20-годишниот Шпанец. „Индијан Велс беше многу важен за мене. Во многу добар момент сум професионално и лично“ – изјави Алкараз.
Селекторот на аргентинските фудбалери, Лионел Скалони, ги сподели впечатоците по победата на пријателскиот натпревар против Костарика (3:1). „Задоволни сме од тоа како поминаа контролните мечеви. На вториот натпревар видов зрел тим. Само Меси и Ди Марија имаат загарантирано место за Копа Америка“ – изјави Скалони. „Гаучосите“ во текот на летото на Копа Америка ќе бидат дел од групата „А“ заедно со Канада, Перу и Чиле.
Фудбалерот од средниот ред на Џирона, Алекс Гарсија, веројатно ќе добие понуда да се пресели во екипата на Барселона во текот на летото, наведуваат дел од медиумите во Шпанија. 26-годишниот фудбалер има играно за Виљареал, Манчестер Сити, Мускрон, Динамо (Букурешт) и Еибар пред да се врати во Жирона во 2021 година. Каталонците сакаа да го земат Гарсија во јануари но, не испратија добра понуда. Џирона за неговиот потпис бара од 30 до 40 милиони евра.
Нашата фудбалска репрезентација У21 загуби на Арената во Скопје од селекцијата на Шведска со 2-0 и направи чекор назад во квалификациската група за пласман на Европското првенство. По солидното прво полувреме кога главно бевме ориентирани на дефанзива, на стартот на вториот дел останавме без исклучениот, Михаил Димитриевски и тоа донесе видлива предност за противникот. Шведска реализираше преку Розенгер во 67 минута и Вилхелмсон во судиското надополнување на крајот на мечот. Наредниот дуел избраниците на Канатларовски ќе го имаат на 5 септември кај Холандија.
