Екипата на Форца од Куманово предводена од нашиот најдобар играч, Зоран Левески, супериорно ја освои титулата во домашниот футсал-шампионат. За сезоната, за неговиот личен ефект и за случувањата во репрезентација, Левески проговори во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ. „Прашањето околу титулата беше решено на полусезоната кога направивме максимален ефект со 9 победи. Покажавме дека отскокнуваме со квалитет и сосема заслужено ја донесовме првата титула во Куманово. Сега се насочуваме кон завршницата на Купот и полу-финалето со Шкупи кој се покажа како достоен ривал“ – вели Левески. „Во долгогодишната кариера имам освоено 13 титули во Македонија и една во Србија.…
Author: dino
Фудбалерите на Рома вчера одиграа без голови на гостувањето кај Лече во рамките на Серија „А“. Нивниот тренер, Де Роси, вели дека треба да бидат задоволни со резултатот иако неговите избраници беа далеку подобар противник. „Имавме одредени проблеми во првиот дел. Освоивме бод. Можеше да биде и полошо“ – потенцираше тренерот на „римската волчица“.„Треба да научиме од мечот. Мораме да бидеме попрецизни во нападот и да ги користиме шансите“ – нагласи Де Роси.
Челниците на Јувентус сакаат да го ангажираат Мејсон Гринвуд кој настапува во шпанскиот состав Хетафе како позајмен од Манчестер Јунајтед но, фудбалерот не сака да замине во Серија „А“. Крилниот напаѓач јасно стави до знаење дека не се согласува да замине во Италија. Англичанецот по доаѓањето во Хетафе, успеа да постигне 8 голови и да направи 5 асистенции.
Првите луѓе на фудбалскиот состав Њукасл се заинтересирани за дефанзивецот на Спортинг, Гонкало Инасио, наведуваат медиумите во Англија. Тешката повреда на Свен Ботман го принудува англискиот клуб да бара нов централен дефанзивец.Се верува дека португалскиот состав планира во текот на летото да се раздели од 22-годишниот фудбалер кој на трансфер пазарот вреди околу 50 милиони евра.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан и Виктор Линделоф, кои се здобија со повреди на мечот со Бренфорд, веројатно ќе го пропуштат дуелот со Челзи закажан за в четврток. Џони Еванс исто така е под знак прашалник. Лук Шо, допрва треба да се опорави од повредата на бутот и сигурно нема да биде подготвен за патувањето во Лондон. Тренерот Тен Хаг нема да може да ги користи и повредените: Тајрел Маласија, Ентони Марсијал и Алтај Бандир.
Напаѓачот на Ренџерс, Артеми Панарин, се проби на четвртото место на листата на најдобри поентери во НХЛ лигата откако направи асистенција на мечот со Питсбург. 32-годишниот Русин има 108 (44+64) поени во 75 натпревари. Тое е трет ефект гледано во историјата на клубот.
Кошаркарскиот тренер, Хавиер Пасквал, може да го напушти Зенит и да седне на клупата на Анадолу Ефес. Шпанскиот тренер ќе треба да му помогне на турскиот клуб да биде конкурентен за титулата во сите натпреварувања. Анадолу Ефес го зазема 10. место во Евро-лигата со 15 победи и 17 порази и се наоѓа во зоната за плеј-ин. Пасквал пред да замине во Русија, работеше во шпанската Барселона и грчкиот Панатинаикос.
Дарен Кејхил кој го тренира, Јаник Синер, објасни како новата генерација тенисери се разликува од големата тројка. „Мислам дека никој не треба да ја споредува играта на новата генерација со Федерер, Новак и Надал. Мислам дека никогаш повеќе нема да видиме таков вид на доминација“ – потенцираше Кејхил. „Тие беа неверојатни во поместувањето на границите на играта, правејќи го тенисот попрофесионален“ – вели тренерот на Синер.
Членот на Барселона, Серхи Роберто, кој има договор до крајот на сезоната, сака да остане и понатаму на стадионот – „Камп Ноу“, пишуваат денеска медиумите во Шпанија. 32-годишниот фудбалер кој имаше неколку одлични настапи во континуитет, неодамна се согласи да добие далеку помала плата, само за да ја продолжи соработката со Каталонците. Затоа се очекува челниците на Барса набрзо да започнат преговори за нов договор.
Прославениот македонски кајакар, Атанас Николовски, во денешното гостување на програмата на Спортско Радио 90,3 ФМ, проговори за претстојниот 55-ти ИКАС, за случувањата во нашиот кајак и за неговата интернационална кариера како тренер. „Тука сум времено како дел од кампот за млади таленти под капата на Светската организација и воедно да помогнам за ИКАС.Мораме многу да работиме со младите кајакари за да можат да се наметнат во меѓународната конкуренција. Имаме одлични услови кои мора максимално да ги искористиме“ – потенцираше Николовски во интервјуто за Спортско Радио 90,3. „По заминувањето од Македонија работев во Тајван, Казахстан и сега во Јапонија. Таму начинот…
