Кошаркарот, Кендрик Нан, кој се пресели во Панатинаикос во изминатиот октомври и потпиша договор до крајот на сезоната, сега ќе добие понуда да остане подолг период во Грција. Според најавите во медиумите, Панатинаикос ќе му понуди на интернационалецот од САД да остане во клубот уште две години. Нан во тековнава сезона во Евро-лигата има просек од 14,8 поени, 2,4 скока и 3,0 асистенции по натпревар.
Author: dino
Американскиот кошаркар, Кевин Портер, (23 години, 193 см) се согласи да потпише договор до крајот на сезоната со грчкиот ПАОК. Тој во септември беше уапсен поради напад врз неговата девојка во хотел во Њујорк. Набргу по инцидентот, Портер беше разменет од Хјустон во Оклахома а потоа веднаш ослободен. Кошаркарот во текот на 4 сезони во НБА одигра 196 натпревари, со просек од 15,3 поени, 4,3 скока и 5,0 асистенции по натпревар.
Таеквондо клубот – Младост, во текот на викендот го очекува настап на силниот турнир – „Рамус Опен“ кој ќе се реализира во Скопје. Првиот тренер, Стефан Миленковски, во интервју за Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи дека очекува добар настап во јуниорските конкуренции. „Станува збор за силен турнир на кој ќе се освојуваат бодови. Очекувам голема конкуренција и пред се атрактивни мечеви. Младост ќе настапи со тројца учесници а Христијан Симоновски има реални шанси да дојде до завршницата“ – потенцираше Миленковски. „Нашиот клуб постои шест години и досега има значајни резултати како на домашната така и на меѓународната сцена. Мислам дека…
Младиот дефанзивен фудбалер на Милан, Давиде Калабрија, верува дека неговиот соиграч Рафаел Лео, може да ја освои наградата – Златна топка“. „Тој е фундаментален играч за нас. На технички план и со неговите физички квалитети, не гледам никој како него“ – вели десниот бек. Португалскиот голгетер во досегашните 25 мечеви успеа да се запише четири пати во листата на стрелците и да направи седум асистенции.
Даниеле де Роси кој го наследи Жозе Мурињо на клупата на фудбалскиот состав Рома, нема намера да си замине од Рим. Неговиот договор е до крајот на сезоната а првите луѓе на тимот сакаат да му го продолжат. Италијанецот седна на кормилото на „римската волчица“ во јануари и досега направи ефект од девет победи, две нерешени и два пораза. Според објавеното од „Corriere dello Sport“ луѓето од Фиорентина сакаат да го ангажираат 40-годишниот стратег.
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, вели дека руските и украинските спортисти ќе се појават на Летните Олимписки Игри во Париз иако претходно најавија бојкот. „Пред неколку месеци имаше тензија на Генералното собрание во Сеул поради заканите за бојкот од двете страни. Сега можеме да кажеме дека овој разговор е завршен“ –вели Бах. Тој изјави дека светската заедница го прифатила пристапот на политичка неутралност на олимпиското движење.
Според – „Football.London“, челниците на Арсенал направиле список на потенцијални засилувања во нападот. „Топчиите“ во текот на летото ќе се обидат да ангажираат атрактивно име меѓу голгетерите . Во преден план се споменуваат Виктор Осимен (Наполи) и Иван Тони ( Брентфорд). Тренерот, Микел Арета, во сезонава имаше големи проблеми со честите повреди на Габриле Жесус и мораше да бара принудни решенија во нападот.
Фудбалерот на РБ Лајпциг, Дани Олмо, велгува во радарот на неколку екипи од Англија, наведуваат денеска медиумите во Европа. Тука се споменуваат Манчестер Сити, Тотенхем и Челзи. Шпанскиот репрезентативец има договор до 2027 година а неговата трансферна сума се проценува на 60 милиони евра. Напаѓачот во сезонава има 3 голови и четири асистенции на 15 средби во Бундес-лигата.
Полскиот министер за одбрана најави дека неговата земја ќе испрати воено засилување во Париз за Олимпијадата, без да го прецизира бројот. „Во Париз ќе бидат испратени оперативни сили од нашата војска, вклучително и кучиња. Главната цел е да се вклучиме во операции за откривање експлозиви и борба против тероризмот“ – изјави Владислав Косињак-Камиш на социјалната мрежа Х. Француската влада по нападот во Париз одлучи да го подигне нивото на безбедност на максимално ниво. Според тамошниот министер за одбрана, Себастиен Лекорну, ќе бидат мобилизирани 18.000 француски војници и 3.000 пилоти кои ќе бидат ангажирани во воздушниот надзор.
Француската фудбалска легенда, Кристоф Дугари, во негативен контекст говореше за играта на Килијан Мбапе на пријателските мечеви со Германија и Чиле. „ Тој е капитен и така треба да се однесува и да биде пример за другите. Велите дека сте подготвени да преземете одговорност дури и ако понекогаш не играте баш најдобро, како на натпреварот со Германија а истиот ефект го имате и против Чиле„ – вели Дугари. „Мислам дека Мбапе не разбира која е капитенската улога. Тој мора да биде модел, да даде пример. Кога си капитен, мора да бидеш беспрекорен“ – вели Дугари.
