Американскиот кошаркар, Кевин Портер, (23 години, 193 см) се согласи да потпише договор до крајот на сезоната со грчкиот ПАОК.
Тој во септември беше уапсен поради напад врз неговата девојка во хотел во Њујорк. Набргу по инцидентот, Портер беше разменет од Хјустон во Оклахома а потоа веднаш ослободен.
Кошаркарот во текот на 4 сезони во НБА одигра 196 натпревари, со просек од 15,3 поени, 4,3 скока и 5,0 асистенции по натпревар.