Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, вели дека руските и украинските спортисти ќе се појават на Летните Олимписки Игри во Париз иако претходно најавија бојкот.
„Пред неколку месеци имаше тензија на Генералното собрание во Сеул поради заканите за бојкот од двете страни. Сега можеме да кажеме дека овој разговор е завршен“ –вели Бах.
Тој изјави дека светската заедница го прифатила пристапот на политичка неутралност на олимпиското движење.