Кошаркарскиот тренер, Хавиер Пасквал, може да го напушти Зенит и да седне на клупата на Анадолу Ефес.
Шпанскиот тренер ќе треба да му помогне на турскиот клуб да биде конкурентен за титулата во сите натпреварувања. Анадолу Ефес го зазема 10. место во Евро-лигата со 15 победи и 17 порази и се наоѓа во зоната за плеј-ин.
Пасквал пред да замине во Русија, работеше во шпанската Барселона и грчкиот Панатинаикос.