Author: riste

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати искрени честитки до клубовите кои во сезоната 2024/25 постигнаа значајни успеси во МФЛ. Во честитката која ФФМ ја упати до клубовите се вели: Од името на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и „Куќа на фудбалот“, упатуваме најсрдечни честитки до сите фудбалери, тренери, техничките и медицинските лица во екипите кои во штотуку завршената натпреварувачка сезона имаат причина за радост и задоволство. Се разбира, честитки и до сите навивачи на клубовите, бидејќи секој дел од организацијата несомнено е значајна во успесите на својот клуб. Честитки до ФК Шкендија за освоената титула шампион во Прва македонска фудбалска лига. Тимот…

Read More

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот натпреварот од финалето на Европскиот куп против АЕК, а македонскиот тим со позитивниот резултат од првата средба е многу блиску до историски успех и прв европски трофеј во клупската историја. На прес-конференцијата која беше одржана денес клубот од Автокоманда го најави натпреварот против грчкиот ривал, а тренерот Кирил Лазаров зборуваше за првата средба, но и за очекувањата од дуелот кој следува во недела. „Одигравме еден одличен натпревар во Атина, можам слободно да кажам резултатски за мене и неочекувано имаме голема предност во пресрет на реваншот. Момците беа на висина на задачата и мислам…

Read More

Светската куќа на фудбалот, ФИФА, и официјално донесе одлука од 1 јули оваа година да се стартува со примената на четири нови фудбалски правила, меѓу кое и правилото за опис на одлуките на судијата преку официјалниот разглас пред целиот стадион. Ова софистицирано правило значи дека главниот судија, по консултација на ВАР-системот, ќе има обврска преку микрофон поврзан на официјалниот разглас на стадионот да ја објасни својата одлука пред навивачите на стадионот, но, на тој начин, и пред целиот ТВ-аудиториум. Ова правило на некој начин, е повеќе од интересно и за Македонија и македонскиот фудбал, ако се знае дека токму ова…

Read More

Шпанскиот шампион Барселона официјално објави дека една од главните фигури во тимот, Рафиња, потпиша нов договор кој ќе го обврзе со клубот до летото 2028 година, објавија Каталонците. Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред го парафираше новиот договор синоќа во седиштето на клубот, а на потпишувањето присуствуваа претседателот Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Хусте и спортскиот директор Деко. Така, тој го следеше тренерот Ханси Флик, кој исто така потпиша нов договор до 2027 година. Рафиња пристигна во каталонскиот гигант во јули 2022 година од англискиот Лидс Јунајтед со амбиција да се етаблира како стартер на левото крило. Тој ја постигна…

Read More

Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, кој ја освои наградата за најдобар играч во финалето на Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед (1:0), беше прогласен и за најдобар играч на сезоната во ова натпреварување. Капитенот на Тотенхем ја освои престижната награда по проценката на Групата за технички набљудувачи на УЕФА. 27-годишниот Аргентинец играше на 7 натпревари од Лигата на Европа и има една асистенција, со проценета точност на додавања од 91%, а неговата статистика за одземање на топката од противникот е исто така импресивна. Ромеро се истакна на крајот од сезоната, блескајќи за време на елиминациската фаза, играјќи секоја минута од…

Read More

Селекторот на машката сениорска репрезентација Јошко Миленкоски ќе смета на 15 репрезентативци за пријателските натпревари со Хрватска, кои викендов ги играме во Марибор, Словенија. Со екипата нема да патува единствено средниот блокер Филип Маџунков. Маџунков е на подготовките заедно со репрезентацијата, но истовремено чека и мала хируршка интервенција на десното колено, па селекторот Миленкоски одлучи да го поштеди за контролниот двомеч. По една недела подготовки во Струмица, репрезентацијата утре изутрина лета за Љубљана, па потоа со автобус до Марибор, каде в сабота и недела ќе одигра два пријателски натпревари со Хрватска, која исто така темпира форма за настапот во ЦЕВ…

Read More

Барселона го продолжи договорот со тренерот Ханси Флик, потврди шпанскиот шампион утринава. Новиот договор на германскиот специјалист е со важност до летото 2027 година. Оваа сезона, 60-годишниот Флик ги предводеше Каталонците до титулата, Купот на Шпанија и Суперкупот на земјата. Во полуфиналето на Лигата на шампионите, Барса беше драматично елиминирана од Интер Милано по вкупен резултат 6:7. „Ханси Флик пишува историја во ФК Барселона и ова сигурно ќе продолжи и во наредните сезони. Тој ги израдува навивачите на Барса со епски пресврти и освојувања на трофеи. Флик врати возбуда во тимот во својата прва сезона на чело и тимот стана…

Read More

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, нема да може да користи двајца клучни играчи во финалето на Лигата на нации, пишува „Кикер“. Дел од тимот за натпреварите што ќе се одржат во Германија нема да бидат играчот од средниот ред на Баерн, Џамал ​​Мусиала и дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер. И двајцата се опоравуваат од повреди и нивното здравје нема да биде загрозено. Закрепнувањето на Мусиала оди добро, но спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, го замолил Нагелсман да не го вклучува во својот состав за да може да биде во ред за Светското клупско првенство. Слична е ситуацијата и…

Read More

Само што заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а екипата на Силекс веќе почна да го креира тимот за следната. Вицешампионот кој беше во трка за титулата со Шкендија денес се пофали со првото засилување и тоа Португалец. Во редовите на клубот од Кратово доаѓа Мигел Пиреш. Станува збор за 28-годишен фудбалер кој настапува во средниот ред, има офанзивни карактеристики и може да покрие повеќе позиции. Пиреш доаѓа во мак-фудбалот по четири години во кои настапуваше на Кипар. Последен клуб на Португалецот му беше Дигенис Акритас Морфу каде што ги мина претходните шест месеци, а првата полусезона беше дел од…

Read More

Новиот шампион во Премиер лигата, Ливерпул загуби од Брајтон (2:3) во 37-то коло од англиската Премиер лига. Така, „Црвените“ поставија антирекорд во Премиер лигата меѓу клубовите што предвреме ја обезбедиле шампионската титула. Ова го објави „Опта Спорт“. Според изворот, Ливерпул стана првиот тим во лигата кој не успеа да победи на ниту еден од своите три натпревари од англиското првенство, откако го освои шампионатот пред предвиденото. Претходно, Ливерпул ремизираа со Арсенал (2:2), а исто така претрпеа пораз во средбата со Челзи (1:3). Треба да се напомене дека пред последното коло од Премиер лигата, Ливерпул има 83 бода. Арсенал, кој е на второто…

Read More