Author: riste

Реал Мадрид официјално објави дека француската ѕвезда Килијан Мбапе ја доби наградата за најдобар играч за сезоната 2024/2025 по гласањето на навивачите на официјалната веб-страница на Кралскиот клуб. Иако Реал Мадрид не освои ниту еден трофеј оваа сезона, со исклучок на Интерконтиненталниот куп во декември и Суперкупот на УЕФА изминатото лето, Мбапе имаше исклучителна индивидуална сезона. Капитенот на Франција постигна 43 гола на 56 натпревари во сите натпреварувања, а исто така ја освои и титулата најдобар стрелец во Ла Лига со своите 31 гол и ја освои европската Златна копачка. По добивањето на наградата, Мбапе ја изрази својата среќа велејќи:…

Read More

Тренерот Горан Кузманоски ја продолжи верноста кон Бутел Скопје за уште две сезони и ќе биде на чело на македонскиот суперлигаш најмалку до 2027 година. Тој ја одработува втората сезона на кормилото на Бутел Скопје и заедно со ракометарите одново ја остварија главната цел – пласман во разигрувањето за титулата. „Ќе се потпираме пред сѐ на македонски ракометари, особено на млади играчи кои се иднината на нашиот клуб и на македонскиот ракомет воопшто. Ќе се засилиме со најмногу двајца странски играчи, но само на позиции каде што моментално немаме соодветни домашни решенија. Нашите младински категории веќе подолго време покажуваат сериозен квалитет –…

Read More

Тренерот Гиљермо Милано и следната сезона ќе седи на клупата на Вардар и ќе го предводи тимот. Клубот и Аргентинецот се договорија на нова соработка која треба да донесе и нови радости за најтрофејниот македонски клуб. Милано дојде во Вардар во ноември 2024 година и оттогаш има биланс од 18 победи, два натпревари завршија со реми (двата на гостински терен) и само еден пораз, и тоа во 2024 година. Меѓу другото го победи Мелсунген во Скопје во Лига Европа, и триумфираше во Битола кај Еурофарм Пелистер. Клубот има шанси да ја освои двојната круна во Македонија. Викендов игра во полуфиналето…

Read More

Медиумите во Италија потенцираат дека голгетерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, веројатно ќе го напушти тимот во текот на летниот трансфер-период.  Централниот напаѓач кој има договор до јуни во 2026 година, влегува во радарот на фудбалските гиганти од Англија – Манчестер Јунајтед и Арсенал. Србинот кој во 2022 година беше купен од Фиорентина, има одиграно 142 меча за „старата дама“ со ефект од 56 голови и 14 асистенции.

Read More

Фудбалерот, Матео Ретеги, кој имаше одлична сезона во екипата на Аталанта, може да добие понуда да се пресели во Атлетико Мадрид. Најдобриот стрелец во Серија „А“ влегува во плановите на тренерот на шпанскиот состав,  Диего Симеоне. Се претпоставува дека тимот од Бергамо за неговиот потпис ќе бара најмалку  60 милиони евра. Напаѓачот кој е роден во Аргентина, во штотуку завршената сезона на „Чизмата“ одигра 36 натпревари и постигна 25 голови.

Read More

Тенисерката, Ана Калинскаја, која загуби на мечот со Мари Бузкова на терените на Ролан Гарос, откри дека играла повредена. „ Ако бев здрава, ќе го одиграв мечот сосема поразлично. Сега не можев да направам ништо повеќе. Проблемот со ногата се појави неодамна“ – рече Калинскаја. „Се обидов. Дури и во сегашнава состојба можев да освојам барем еден сет. Тешко е да се размислува позитивно но, според мене, тоа покажува каде е моето вистинско ниво “ – рече Калинскаја.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо, кој на крајот на месецов ќе го напушти клубот, се збогува со навивачите на „топчиите“. 33-годишниот  играч кој има и италијански пасош, преку објава на социјалните мрежи му се заблагодари и на клубот. – Понекогаш сезоната е повеќе од фудбал, станува збор за моменти, луѓе, за тоа да се биде дел од нешто поголемо. Кога дојдов во Арсенал, не дојдов само во клуб, туку во семејство. Дадов сè што имав за тимот и за навивачите“ – потенцираше Жоржињо. Според најавите, Бразилецот ќе се врати во земјата на „кариоките“ и ќе игра за Фламенго.

Read More

Арне Слот кој го однесе Ливерпул до титулата во фудбалската Премиер Лигата е прогласен за најдобар менаџер во Англија за изминатата сезона. Холанѓанецот ја доби наградата што го носи името на легендарниот – Сер Алекс Фергусон. Победникот беше прогласен на посебна церемонија во Лондон. Слот не присуствуваше во знак на солидарност со жртвите од инцидентот кога автомобил удри во група навивачи за време на шампионската парада на „црвените“. Во конкуренција беа и Томас Франк, Еду Хау, Нуно Еспирито Санто и Витор Переира.

Read More

Советникот на Ред Бул во Формула 1, д-р Хелмут Марко, се насочи кон претстојното Гран При на Шпанија.   „Се надеваме дека ќе бидеме побрзи во Барселона. Квалификациите таму се многу значајни  бидејќи престигнувањето е тешко. Доколку останете без квалитетни гуми, лесно може да ве поминат на рамните делови“ – рече Марко. „Сакам да видам како ќе се одразат новите технички директиви на болидите на Мекларен“ – рече Хелмут Марко.

Read More

Возачот во Формула 1, Рубенс Баричело, верува дека Луис Хамилтон го чувствува притисокот во Ферари. „Од сопствено искуство можам да кажам дека психолошкиот притисок во Ферари е најголем во споредба со кој било друг тим. Ова се должи на фактот дека тимот е поддржан од вистински фанатици“ – рече Бразлиецот. „ Луис ја чувствува тензијата, сите го следат секој негов потег и сите го познаваат. Во Италија, притисокот е огромен и мора да имате сериозна психолошка подготовка“ – рече Баричело.

Read More