Возачот во Формула 1, Рубенс Баричело, верува дека Луис Хамилтон го чувствува притисокот во Ферари.
„Од сопствено искуство можам да кажам дека психолошкиот притисок во Ферари е најголем во споредба со кој било друг тим. Ова се должи на фактот дека тимот е поддржан од вистински фанатици“ – рече Бразлиецот.
„ Луис ја чувствува тензијата, сите го следат секој негов потег и сите го познаваат. Во Италија, притисокот е огромен и мора да имате сериозна психолошка подготовка“ – рече Баричело.

