Голманот на Барселона, Војчех Шчесни, стана освојувач на титулата во шпанското првенство како дел од каталонскиот тим. Барса ја освои Ла Лига по натпреварот со Еспањол (2:0). Барселона има 85 бода по 36 натпревари и е седум бода пред најблискиот ривал Реал Мадрид, на две кола до крајот на сезоната. Интересно е тоа што Шчесни одлучи да се врати на фудбалот на во октомври 024 година откако претходно објави дека се пензионира. Полскиот голман потпиша договор со каталонскиот клуб до 30 јуни 2025 година. На крајот, Шчесни освои три трофеи со Барса: Купот на Шпанија, Суперкупот и Шпанското првенство. Тој одигра 30…
Author: riste
Откако ја освои титулата во Ла Лига, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека имало обид за дестабилизација на клубот. Избраниците на тренерот Ханси Флик го обезбедија првото место во шпанското првенство пред предвидениот рок по победата од 2:0 над Еспањол. „Тимот ја освои љубовта на навивачите на Барселона, а тоа не е лесно. Инспирирани сме од оваа симбиоза. Ја вративме нашата радост и гордост. Тренерот, кој беше одличен ментор за играчите, стана еден од клучевите за успех. Освојувањето на оваа Ла Лига беше најтешко за мене како претседател. Среќен сум бидејќи успеавме и покрај сите тешкотии. Тие се обидоа…
Барселона планира голема реконструкција на тимот ова лето, потенцијално разделувајќи се со осум играчи за да ослободи средства за обновување на договорите на Ламин Јамал и Рафиња, објави „Мирор“. Каталонскиoт гигант продолжува да се борi со финансиски ограничувања, приоритет им дава на продолжување на договорите на двајца од нивните најдобри играчи оваа сезона. 17-годишниот Ламин Јамал веќе се етаблираше како еден од најперспективните таленти во светскиот фудбал, додека Рафиња ја има најсилната сезона во својата кариера и дури се смета за потенцијален кандидат за „Златната топка“. За да ги обезбеди потребните финансиски средства, спортскиот директор Деко веќе работи на можни…
Украинскиот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин, се повреди и ќе го пропушти натпреварот од 36-то коло од шпанската Примера против Мајорка, соопшти прес-службата на Реал Мадрид. Забележано е дека Лунин има модринка на десната рака и нема да биде вклучен во составот за натпреварот. Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Мајорка ќе се одржи вечерва, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Почетокот е закажан за во 21:30 часот. Лунин одигра 12 натпревари на сите турнири оваа сезона, од кои на четири не прими гол. Тековниот договор на украинскиот голман со шпанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2030 година.
Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, ги негираше информациите дека плејмејкерот на екипата, Флоријан Вирц, се согласил да се приклучи на шампионот на Бундеслигата, Баерн Минхен. „Знам дека ова не е вистина и досадно е да се читаат статии што не се вистинити“, изјави Каро за „РТЛ“. Тој исто така рече дека клубот има добри односи со Вирц и неговите родители, а неговиот татко е и негов агент. „Секако, Флоријан мора да размисли за својата иднина, но во моментов не знаеме за никаква негова одлука. Тоа е вистината“, рече и Фернандо Каро. Весникот „Билд“ веќе објави дека 22-годишниот германски…
Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј по само шест месеци ја прекинаа соработката. Српскиот тенисер тоа го потврди и преку социјалните мрежи. -Ти благодарам, тренеру Енди, за сета напорна работа, за забавата и поддршката во изминатите шест месеци, на теренот и надвор од него“ – напиша Ѓоковиќ. „Му благодарам на Новак на неверојатната можност да работиме заедно. Му посакувам се најдобро во продолжението на сезоната“ – напиша Мареј.
Нашата, Ива Пројковска, ќе биде дел од судискиот тим за женското финале во Лигата на фудбалските шампиони. Таа ќе ја има улогата на четврти судија на финалниот меч меѓу Арсенал и Барселона кој ќе биде одигран на 24 мај во Лисабон. Мечот во Португалија ќе го суди Ивана Мартинчиќ од Хрватска а помошнички ќе и бидат нејзините сонароднички, Сања Роџак – Каршиќ и Маја Петровиќ. Ќе потсетиме дека Пројковска имаше успешно судење на повеќе меѓународни мечеви под капата на УЕФА и ФИФА.
Голманот на нашата ракометна репрезентација, Мартин Томовски, влезе во идеалниот тим на ЕХФ за 5-то и 6-то коло во квалификациите за Европското првенство. Тој на гостувањето во Естонија имаше 13 одбрани за едно полувреме а исто толку забележа и на неделниот меч со Литванија во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија со победи на тие два меча си обезбеди место на континеталниот собир во 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони, кој е на позајмица во шпанскиот клуб Бетис, има шанса да ја продолжи кариерата во еден од најдобрите европски клубови, ова го објави „Фудбал Еспања“. Тимот од Севиља вложува максимални напори да го задржи играчот во тимот на трајна основа, но и елитните клубови покажуваат интерес за играчот. Еден од главните кандидати за Ентони е Атлетико, но и Јувентус смета на реализација на договорот. Манчестер Јунајтед се надева дека ќе добие 40-50 милиони евра за напаѓачот, Бетис ќе може да си дозволи таков трансфер само ако се квалификува во Лигата на шампионите. Се забележува дека приоритетни…
Шпанскиот гигант Реал Мадрид се подготвува да влезе во битка со Атлетико Мадрид за потписот на играчот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, бидејќи во Реал планираат да ја реновираат својата одбранбена линија. Интересот на Атлетико Мадрид за играчот датира одамна, но сега се чини дека ќе мора да се справат со својот градски ривал. Според „Сан“, новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е „голем обожавател“ на Ромеро и сака тој да биде дел од новата одбрана на „Сантијаго Бернабеу“. Се очекува Ромеро да му се придружи на Трент Александар-Арнолд во почетниот состав, а вториот ќе пристигне во лето како слободен…
