Author: riste

Баерн Минхен веќе презема мерки за потпишување на договорот со играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Двата клуба веќе се во контакт и преговорите се започнати. Баерн сака веднаш да го потпише играчот од средниот ред и да има брз договор за играчот да може да учествува на Светското клупско првенство. Леверкузен сака да го задржи Вирц барем до летото 2026 година и веројатно ќе побара 150 милиони евра во оваа фаза. Баерн работи и на уште еден договор, сакајќи да го доведе дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Та. Целиот менаџмент на клубот го сака централниот дефанзивец,…

Read More

Реал Мадрид објави дека напаѓачот Винисиус Жуниор и дефанзивецот Лукас Васкез се повредени. На Бразилецот му беше дијагностицирано истегнување на лигаментите на левиот зглоб, додека Васкез исто така се пожалил на болку на бутниот мускул. Според медиумите во Шпанија, Винисиус ќе биде надвор од терените околу една недела, додека Васкез би можел да биде подготвен за натпреварот против Севиља во Ла Лига на 18 мај. И двајцата играчи ќе го пропуштат натпреварот Реал Мадрид – Мајорка од 36-то коло на Ла Лига кој ќе се игра на 14 мај.

Read More

Сандро Тонали би можел да се врати во Серија А ова лето откако Јувентус го направи играчот од средниот ред на Њукасл своја главна трансфер цел, објави „Газета дело Спорт“. Италијанскиот репрезентативец, кој се врати во фудбалот откако ја отслужи суспензијата за учество во нелегално обложување минатата сезона, се етаблираше како клучна фигура во средниот ред на Њукасл, каде што игра заедно со Бруно Гимараеш и Жоелинтон. Неговата одлична форма повторно го привлече вниманието на Јувентус, а клубот од Торино е подготвен да го понуди бразилскиот играч од средниот ред Даглас Луиз како дел од договорот. Луиз, кој минатата година…

Read More

Прес-службата на Баер Леверкузен објави дека главниот тренер на тимот, Чаби Алонсо, ќе го напушти клубот на крајот од тековната сезона. Претходно се појави информација дека шпанскиот специјалист ќе го замени Карло Анчелоти на тренерската позиција на Реал Мадрид. Баер Леверкузен постигна признание во фудбалскиот свет благодарение на нивниот решителен успех под водство на Чаби Алонсо. „Горди сме на нашите победи во германското првенство, во Купот на Германија, горди сме што стигнавме до финалето на Лигата на Европа на УЕФА и го освоивме Суперкупот на Германија“, објави прес-службата на Баер Леверкузен на официјалната веб-страница на клубот. Чаби Алонсо е на чело на клубот од…

Read More

Баерн постигна договор со 22-годишниот играч од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц за неговиот трансфер во клубот од Минхен. Ова го објавува „Билд“. Според изворот, германскиоте гигант е подготвен да им понудат на „фармацевтите“ 100 милиони евра за трансферот на Вирц следното лето. Се нагласува дека 22-годишниот играч од средниот ред е подготвен да почека до 2026 година за да направи трансфер во Баерн доколку клубовите не можат да постигнат договор. Оваа сезона, Вирц одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и запишувајќи 13 асистенции. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2027 година.…

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Алехандро Балде, треба да се врати во составот на каталонскиот гигант за големото дерби против Реал Мадрид, кое се игра во недела во рамките на 35-тото коло од Ла Лига. 21-годишниот Балде пропушти седум натпревари поради повреда. Балде беше надвор од игра за двата натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, не успевајќи да се опорави на време за реваншот. Тој не играл од 13 април, кога заработи повреда на левата нога, но веќе ги продолжил тренинзите со останатите соиграчи, објавија медиумите во Шпанија. Алехандро Балде постигна еден гол и имаше 10 асистенции во 43…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за дисциплински мерки против клубовите ФК Воска Спорт и Гостивар поради неодиграни натпревари од последните две кола во Прва МФЛ. –  Воска Спорт се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25.000 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во ПМФЛ. – За неодигрување на натпреварот од 30. коло, Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни девет бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра –  Гостивар се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25.000 евра за неодигрување на натпреварот од 30. коло, како и со идентична казна…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија дојде до првата од двете победи кои се потребни за пласман на следното ЕП во ракомет. Македонија убедливо славеше кај Естонија во Талин со 17:36 (10:19) во претпоследниот квалификациски меч на пат кон Европското првенство. Естонците беа нерамноправен противник на нашата селекција која дојде до посакуваната предност уште на самиот старт на мечот. Сега останува в недела да се победи Литванија со барем три гола разлика во Скопје за сигурен пласман на уште еден континентален собир. Македонија одлично го отвори натпреварот и го контролираше резултатот зголемувајчи ја предноста која на полувреме изнесуваше убедливи 10:19. Во вториот дел продолжи сигурната игра на нашите ракометари кои…

Read More

Англискиот шампион Ливерпул е заинтересиран за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објавија шпанските медиуми. Аргентинецот има одлична сезона во дресот на Атлетико Мадрид, досега постигна 32 гола за својот тим. „Црвените“ разгледуваат неколку опции за привлекување на Алварез, а најактуелната е онаа што го вклучува Дарвин Нуњес. Уругваецот имаше просечна сезона под водство на Арне Слот, а многуте изоставувања го закотвија на клупата на „црвените“. Самиот фудбалер исто така не е задоволен од својот статус на резерва и не е исклучено среќата да ја бара далеку од „Енфилд“. Сериозен плус за Алварез е фактот што пред да се пресели…

Read More

Интер заработи 14,7 милиони евра од продажба на билети за натпреварот со Барселона, што е рекорд за Италија, се пофалија од клубот. Досега, овој рекорд му припаѓаше на дербито со Милан во 2023 година, кое на „нероаѕурите“ им донесе приход од 12,5 милиони евра. На трибините на стадионот „Џузепе Меаца“ на средбата со Барселона имаше 75.504 гледачи, а во гостинскиот дел имаше 4.253 гледачи. Треба да се напомене дека меѓу 10-те најпрофитабилни натпревари во продажбата на билети во историјата на италијанскиот фудбал се само натпреварите помеѓу Интер и Милан на овој стадион.

Read More