Лидерот на табелата во италијанското фудбалско првенство, Наполи, ќе се обиде да го привлече Џек Грилиш од Манчестер Сити, објавува британскиот дневен весник „Сан“. Според информациите, тренерот на Наполи, Антонио Конте е голем поддржувач на англискиот интернационалец и лично се залага за негов трансфер. Наполи е три бода пред Интер во трката за титулата во Италија, а Конте сака да направи значаен трансфер за да му помогне на тимот во Лигата на шампионите следната сезона. Весникот „Сан“ пишува дека Грилиш би го напуштил Манчестер Сити доколку добие добра понуда, а Наполи не е единствениот клуб заинтересиран за играчот од средниот…
Author: riste
Арсенал решително одговори на обидите на Реал Мадрид да потпишат договор со Вилијам Салиба со забрзување на преговорите за нов договор со францускиот дефанзивец. Според француското издание „Л’Екип“, медиумите во Англија со недели пишуваат за иден трансфер на Салиба, кој се смета за идеално засилување во срцето на одбраната на кралскиот клуб. Новиот спортски директор на Арсенал, Андреа Берта, кој беше поранешен архитект на успехот на Атлетико Мадрид, е решен да спречи сценарио слично на она со Килијан Мбапе и ПСЖ – кога Парижаните ја загубија својата суперѕвезда без надомест за трансфер. Затоа Италијанецот започна разговори за продолжување на договорот…
Дуелот меѓу Интер и Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2024/2025 го повтори рекордот на сите времиња за голови постигнати на една пресметка од Лигата на шампионите во оваа фаза, објави „Опта Спорт“. Екипите постигнаа 13 гола во двата натпревари (3:3, 4:3). Ова е најдобриот резултат во историјата на полуфиналињата во Лигата на шампионите. Претходно, ист број голови во два натпревари од една пресметка во оваа фаза беа постигнати во натпреварите од сезоната 2017/2018. Англискиот Ливерпул ја победи Рома исто така со вкупен резултат од 7:6 (5:2, 2:4). Да потсетиме дека Интер стигна до финалето на Лигата…
По завршувањето на реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона. Натпреварот кој се одигра на стадионот „ Џузепе Меаца“ во Милано. Мечот заврши со резултат 4:3 во корист на домашната екипа по продолжение или вкупен резултат 7:6 во корист на италијанскиот клуб. Според официјалната веб-страница на УЕФА, за најдобар играч на натпреварот беше прогласен голманот на миланскиот Интер, Јан Зомер. Голманот на Интер го зварши натпреварот со 7 одбрани, но дел од нив беа во клучен момент од натпреварот кој можеше да заврши со друг епилог доколу Зомер не беше на голот на Интер. Во финалето…
Шпанска Барселона загуби од Интер во реванш натпреварот со голем број голови од полуфиналето на плејофот за Лигата на шампионите 2024/2025. Натпреварот заврши со резултат 4:3 по продолженијата. Така, Каталонците ги загубија шансите за освојување на тројната круна на крајот од сезоната. Единствениот тим кој сè уште има шанса да ја освои Лигата на шампионите, домашниот Куп и домашното првенство е францускиот тим Пари Сен Жермен. Земајќи ја предвид победата во францускиот Суперкуп, Парижаните можат да освојат четири трофеи до крајот на сезоната. Треба да се напомене дека Интер претходно исто така освои три титули, но загуби во полуфиналето на…
Реал Мадрид ќе преговара со Ливерпул за да може да го користи Трент Александар-Арнолд на Светското клупско првенство, тврдат медиумите во Шпанија. Десниот бек веќе објави дека го напушта „Енфилд“ и наскоро официјално ќе му се придружи на Реал Мадрид. Договорот на Арнолд со Ливерпул истекува на крајот на јуни, додека турнирот во САД започнува кон средината на истиот месец. Се очекува Реал Мадрид да плати околу 1 милион евра на „Црвените“ за да го имаат англискиот дефанзивец во својот состав за Светското клупско првенство.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, наскоро ќе ја напушти тренерската позиција на Реал Мадрид, објави „Атлетик“. Според изворот, италијанскиот специјалист и мадридскиот клуб постигнале усмен договор за прекин на соработката. Се забележува дека заминувањето на Анчелоти од Реал Мадрид може да биде објавено по следното Ел Класико.Во недела, 11 мај, Реал Мадрид ќе игра против Барселона во 35-то коло од Ла Лига. По 34 одиграни натпревари, Реал Мадрид е на второто место на табелата во Ла Лига, со 75 бода. Барселона е на чело на табелата со 79 бодови и со евентуална победа против Реал Мадрид ќе биде пред освојување на…
Баерн Минхен стана шампион на Германија неколку кола пред крајот на сезоната 2024/25. Баварците ја освоија Бундеслигата по рекорден 34-ти пат. Играчот од средниот ред на Баерн, Томас Милер, го освои 34-от трофеј во својата кариера и го израмни најдобриот резултат меѓу германските играчи, кој му припаѓаше на поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, објави „Скај Германија“. Милер го израмни и рекордот на една од легендите на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, по број на златни медали во првенствата на првите 5 европски лиги – 13 трофеи. Воедно Томас Милер е играч со најмногу освоени титули во…
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлуки по се она што се случуваше во рамките на 29. коло во Првата и 23. коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Алпер Потук – фудбалер на ФК Гостивар АД се казнува со забрана на настап во период од 2 (две) години поради повикување на директни учесници на натпревар да го напуштат натпреварот од 29. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД. ФК Гостивар се казнува со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на…
Голманот на Брентфорд, Марк Флекен, влезе во историјата на Премиер лигата со необичен рекорд. 31-годишниот Холанѓанец и покрај тоа што има задача д аго чува голот на својата екипа, веќе има 9 асистенции оваа сезона, што нема направено ниту еден од неговите колеги во оваа лига. Покрај тоа, на 33 натпревари од Премиер лигата, Флекен исто така има седум натпревари без примен гол. Неговата екипа синоќа славеше на гостувањето кај Нотингем Форест со 2:0.
