Author: riste

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека неговиот тим може да го надмине гол-заостанувањето по првиот натпревар против Пари Сен Жермен и да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Синоќа „топџиите“ загубија со 0:1 од францускиот шампион во Лондон, но Артета останува оптимист за реваншот. „На полувреме сме од натпреварот. Моето мислење е исто како и по победата од 3-0 против Реал Мадрид. Мораме да одиме таму и да ја бараме победата. Способни сме да го направиме тоа. Денес видов два рамноправни тима, но едниот од нив беше малку поефикасен од другиот. Нивниот голман ја направи разликата и…

Read More

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, ги предупреди своите играчи дека мора да вложат двојно повеќе труд во реваншот против Арсенал ако сакаат да играат во финалето на Лигата на шампионите. Синоќа Парижаните победија со 1:0 над Лондончани и имаат предност пред реваншот во Париз. Сепак, според Енрике, ништо во оваа полуфинална пресметка не е одлучено, и покрај успехот на „Емирати“. „Мисијата за вечерва е исполнета. Сега нашата единствена цел е да победиме во реваншот. Сепак, не можеме да се опуштиме против Арсенал. Ова е тим кој може да ја напише историјата за секунда. Ништо не е одлучено сè…

Read More

Ждрепката што се одржа денеска во седиштето на ЕХФ во Виена сакаше „сино-белите“ од Автокоманда да бидат гости на грчкиот АЕК Атина во првата средба од финалето на Европскиот Куп. Терминот за одигрување на првата средба ќе се бира меѓу 17 или 18 мај, додека реваншот ќе биде на програмата на 24 или 25 мај во Скопје, каде што ќе се додели и трофејот. Се надеваме дека нашиот тим ќе го одигра овој финален двомеч со АЕК Атина во стилот како до сега и ќе се радува на својот прв европски трофеј.

Read More

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, кој е и голема ѕвезда на тимот, ќе остане во редовите на „топџиите“ со потпишување на нов договор со клубот, тврдат извори блиски до лондонскиот клуб. Англискиот репрезентативец веќе се согласил со понудата што му беше доставена. Сè уште не е познато колку ќе биде долг договорот на Сака, но новиот договор може да се смета за сигурен. Останува само да се потпише официјалната документација, а потоа тоа ќе биде објавено од клубот. Оваа сезона, Сака заработи сериозна повреда и има 6 гола и 10 асистенции на 21 натпревар од Премиер лигата.

Read More

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со голманот Тибо Куртоа до 2028 година. 32-годишниот белгиски интернационалец доби понуда да го обнови својот тековен договор за уште 2 сезони, објави „Релево“. Според изворите на изданието, Реал Мадрид верува дека Куртоа е најдобрата опција за клубот на позицијата голман. Токму затоа „Кралевите“ се подготвени да направат исклучок од непишаното правило на „Бернабеу“, според кое договорите со играчи над 30 години се продолжуваат за максимум една сезона. Договорот сè уште не е потпишан, но двете страни веќе некое време разговараат за него. Куртоа се приклучи на Реал Мадрид во 2018 година, а во…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе со соопштение по повод напуштањето на терен од страна на фудбалскиот клуб Гостивар на мечот со Работнички. Домашните примија гол за 1:2, па решија да покажат револт од судењето и да се повлечат. Воедно, судиите во извештајот имаат наведено дека уште пред почетокот на средбата добиле закана за ваков епилог доколку не му одговара резултатот на домашниот тим. Во прилог, соопштението на ФФМ: „На денешниот натпревар од ПМФЛ меѓу Гостивар и Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на Гостивар. ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот.Наместо спортски да се борат…

Read More

Селекцијата на фудбалски ветерани на Македонија триумфираше со 2:3 на ревијалниот меч што се одигра во Варна против ветераните на Бугарија. Овој натпревар имаше хуманитарен карактер и приходот од оваа средба беше наменет за семејствата на жртвите во големата трагедија во Кочани. Бугарските ветерани предводени од легендарниот Христо Стоичков ја покренаа иницијативата што беше прифатена од страна на македонските фудбалери, кои на овој натпревар беа предводени од Горан Пандев. Средбата мина во пријателска атмосфера, како што и се очекуваше кога на теренот се сретнаа старите пријатели, а некои и соиграчи. Според договорот се одиграа две полувремиња од по 35 минути,…

Read More

Македонскиот ракометен тим Алкалоид успеа да се пласира во финалето на Европскиот куп откако го одигра реваншот со норвешки Рунар Сандефјорд на кој дојде со пет гола позитива, а патникот во финалето го решија пенали. Норвежаните во регуларниот дел победија со 34:29, тоа донесе седмерци во кои поуспешен беше Алкалоид кој даде три пенали, наспроти противникот кој промаши три. Алкалоид лошо го започна натпреварот и уште на стартот Рунар имаше предност од 6:1, сепак подоцна ја стабилизираа играта и намалија на -4 на полувреме (19:15). Во вториот дел Рунар константно имаше предност од 4-5 гола разлика, а во еден момент Алкалоид намали на 25:23,…

Read More

Шпанскиот возач Алекс Маркез победи на спектакуларната трка во МотоГП која се возеше на патеката во Херез. Маркез возеше триесет одлични круга на асфалтот во јужна Шпанија. И не само што Алекс Маркез победи по хаосот во Херез, туку сега е и најдобар возач во Мото ГП шампионатот со 131 поен, додека неговиот постар брат Марк Маркез има 129. На подиумот место имаше и за Фабио Квартараро и Франческо Бањаја. Потоа следуваат Вињалес, Диџанантонио, Биндер, Акоста, Огура, Бастианини, Марини, Зарко, Ринс, Марк Маркез… Ова е прва победа на Алекс во Мото ГП натпреварувањето и воедно е историска, затоа што браќата Алекс и…

Read More

Бекот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал би можел да биде дисквалификуван поради навреда на судијата на финалето од Купот на Кралот помеѓу Реал Мадрид и Барселона (2:3 по продолжение), и покрај тоа што играчот не учествувал во натпреварот. Ова го пренесува „Sport.es“. Според Дисциплинскиот кодекс на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), играч кој навредува или омаловажува судија, дури и додека е надвор од теренот, може да биде казнет со исклучување од повеќе натпревари. Претходно медиумите објавија дека дефанзивецот на Реал Мадрид би можел да биде суспендиран од фудбалот на четири натпревари поради пресметката со крилниот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака за време…

Read More