Author: riste

Селекторот на женската сениорска одбојкарска репрезентација, Стефан Пауновиќ го објави поширокиот список на одбојкарки на кои ќе смета за престојните настапи на репрезентацијата во Сребрената Европска лига 2025 и квалификациските натпревари со Грција и Австрија за Европското првенство 2026. На поширокиот список на селекторот на сениорките се најдоа 24 одбојкарки, од кои шест интернационалки, додека останатите репрезентативки настапуваат за најдобрите три домашни клубови во моментов Работнички Скопје, Јанта Волеј КВ и Наковски Волеј. Освен од овие екипи, тука се и Марија Лазарова од Струмица и капитенката на репрезентацијата, како и либерото Емилија Попјордановска која го носеше дресот на Газели Волеј сезонава. Селекторот Пауновиќ…

Read More

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжува со своите одлични резултати и беше најбрз на полумаратонската трка која се одржа во Дубровник. Дарио Ивановски победи на Дубровник полумаратон 2025 година. Притоа, македонскиот претставник запиша и најдобро време во историјата на патеката на оваа делница. Со ова Ивановски покажува дека е во добра форма на последните неколку трки. Пред само неколку денови Дарио Ивановски постави национален рекорд на 10 километарската трка на националната арена „Тодор Проески“. Македонскиот атлетичар продолжува да ја темпира формата за следните предизвици.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, се соочува со многу строга казна по финалето на Кралскиот Куп против Барселона (2:3 по продолженијата). Гневот на играчот кон судијата и неговиот обид да го удри со облога со мраз ќе го доведат во големи проблеми – казна што би можела да го чини помеѓу 4 и 12 натпревари. Постапките на фудбалерот беа откако тој веќе седна на клупата. Според „Карусел Депортиво“, она што го направил Рудигер може да потпадне под член 101 од дисциплинските правилници, кој се однесува на дејствија против службени лица и предвидува суспензија до 12 натпревари. Германскиот дефанзивец, не…

Read More

Барселона го освои Кралскиот Куп по драматичната победа од 3:2 против Реал Мадрид по продолжение. Натпреварот беше решен во 116-тата минута, кога Каталонците го постигнаа победничкиот гол и стигнаа до уште еден трофеј во шпанскиот фудбал. Откако го расплака Реал Мадрид и ја забележа третата победа во три натпревари против Реал оваа сезона (победи со 4:0 во првенството и 5:2 во Суперкупот), младата ѕвезда на Барса, Ламине Јамал, не го криеше својот оптимизам и сподели што му кажал на својот соиграч Роналд Араухо по победата. „Му реков на Роналд дека не е важно дали ќе постигнат еден или два гола.…

Read More

Ентони може да остане во Бетис и во следната сезона 2025/2026, пишува „Телеграф“. Бразилскиот крилен напаѓач настапува за шпанскиот тим како позајмен од Манчестер Јунајтед. Бетис е подготвен да достави понуда за продолжување на позајмицата на играчот за сезоната. Клубот од Севиља е подготвен да го преземе поголемиот дел од платата на Ентони. Во моментов, Шпанците плаќаат 84% од платата на фудбалерот плус бонуси. Ентони ќе започне предсезонски тренинзи со Манчестер Јунајтед доколку дотогаш не биде завршен договорот. Ентони му се приклучи на Бетис во јануари 2025 година. Бразилецот одигра 18 натпревари, постигна пет гола и четири асистенции.

Read More

Управата на ФК Воска Спорт официјално соопшти дека донела одлука да се повлече од настапите во Првата македонска фудбалска лига. Оваа одлука доаѓа откако Фудбалската федерација на Македонија жестоко го казни клубот за напуштањето на теренот на натпреварот против Вардар во минатото коло на ПМФЛ и му одзеде девет бода на прволигашот кој се бореше за опстанок во елитата. Според управата на Воска Спорт, тимот бил оштетен во неколку наврати со судиските одлуки во текот на сезоната и затоа била донесена одлука за повлекување од најсилното фудбалско првенство. Покрај одземените бодови, беа казнети и претседателот Нефи Усеини и тренерот Клодиан Арбри, кои добија двегодишна суспензија, а клубот дополнително…

Read More

Моменталниот лидер на табелата во ракометната Супер лига на Македонија, Вардар 1961 и официјално потврди дека французинот Махамаду Кеита (29) кој игра на позицијата лево крило е нов ракометар на Вардар. Клубот го потпиша играчот кој моментно настапува во шпанската AСОБАЛ лига за тимот на Логроњо Ла Риоха, а има и трофеј од настапи во Лига Европа. Како дел од Бенфика, во 2022 година Кеита ја освои Лига Европа, и беше дел од тимот кој во финалето го победи Магдебург. Кеита има искуство со настапи во три лиги, во Франција каде играше за ЦСМ и Иври, во Португалија настапуваше за…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е неизвесен за настап во финалниот натпревар од Купот на Шпанија против Барселона, кој ќе се одигра денеска, пренесува Радио Марка. Според изворот, францускиот фудбалер се уште чувствува физичка непријатност, што било потврдено со направените тестови. Мбапе го повреди скочниот зглоб на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал (1:2). Тој не учествуваше на тренингот на тимот во пресрет на натпреварот од 32. коло на шпанската Примера со Атлетик Билбао (1:0). Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на стадионот Олимпико Де Севиља – Ла Картуха во Севиља, а стартот е закажан…

Read More

Анге Постекоглу се соочува со ризикот да израмни непосакуван клупски рекорд кога Тотенхем ќе гостува кај лидерот Ливерпул во недела. По уште еден пораз – 1:2 од Нотингем Форест – Тотенхем сега има 18 порази оваа сезона. Со уште еден пораз, Постекоглу ќе го израмни рекордот за најмногу порази на менаџер на Тотенхем во една сезона во Премиер лигата, поставен во сезоната 1993/94 од Осас Ардилес. Тотенхем е на 16-то место – најниската позиција во историјата на клубот – и 42 бода зад Ливерпул. Доколку Тотенхем примат најмалку пет гола на „Енфилд“, тие ќе постават и нов негативен рекорд за…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е под истрага од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), пренесува „Марка“. Според изворот, 24-годишниот играч е осомничен за прекршување на правилата за судир на интереси бидејќи поседува неколку фудбалски клубови. Доколку биде прогласен за виновен, Бразилецот може да се соочи со забрана за играње фудбал до две години. Сезонава Винисиус одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 гол и 15 асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година.

Read More