Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, изрази задоволство од победата над Мајорка од 1:0 во натпревар од Ла Лига. Каталонците можеа да постигнат и далеку позначаен успех, но тоа не го дозволија одличните интервенции на гостинскиот голман Лео Роман. „Одигравме силен натпревар и создадовме многу шанси, затоа јас сум среќен. Нивниот голман одлично се снајде. Целиот тим на Мајорка добро се бранеше. Сепак, направивме помалку грешки во однос на претходните натпревари и тоа е позитивно”, изјави Флик. Флик беше прашан и за „Ел Класико“ против Реал Мадрид во финалето на Купот на кралот. Тимот на Карло Анчелоти ќе има еден ден…
Author: riste
Руд ван Нистелрој оваа недела има закажан состанок со раководството на англискиот фудбалски клуб Лестер Сити, но се очекува да остане на својата позиција до крајот на сезоната во Премиер лигата, пренесува „Скај Спортс“. После тоа, сепак, иднината на Холанѓанецот е нејасна, бидејќи двете страни не се подготвени да соработуваат во втората лига. Според „Скај Спортс“, Лестер има листа на кандидати за менаџерската позиција, а на неа водечки имиња се Ли Карсли, Дени Рол и Расел Мартин. Лестер нема да сака да го отпушти Ван Нистелрој на крајот на јуни бидејќи ќе се соочи со тешкотии со финансискиот фер-плеј. Тимот…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе нема да игра на гостувањето кај Хетафе од 33.коло на Ла Лига. Претходно беше објавено дека Мбапе се здобил со повреда на скочниот зглоб. Французинот го пропушти неодамнешниот натпревар од Ла Лига против Атлетик Билбао (1:0) поради исклучување на претходниот натпревар, а на тоа му дојде плус и повредата. Се очекуваше 26-годишниот играч да се врати на теренот за претстојниот натпревар против Хетафе во среда, 23 април, но се чини дека Карло Анчелоти нема да ризикува со напаѓачот пред финалето на Купот на Кралот против Барселона. Мбапе оваа сезона одигра 50 натпревари во сите натпреварувања и…
Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) му нуди на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, плата споредлива со онаа што ја добива во шпанскиот гигант, објави „Релево“. Според изворот, доколку италијанскиот стручњак се согласи да ја води бразилската репрезентација, тој ќе стане еден од најплатените репрезентативни тренери во светот. Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) сака да му понуди на Анчелоти договор до Светското првенство во 2026 година. Нагласено е дека повеќе детали за потенцијалното назначување на Анчелоти би можеле да се појават следната недела. Постои опција во која италијанскиот стручњак ќе ја заврши сезоната во Реал Мадрид, но повеќе нема да биде тренер на оваа…
Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер го победи домаќинот Динамо Букурешт (36:37) и се пласираше на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во Лигата на шампионите во младинска конкуренција. Младите ракометари на Еурофарм Пелистер одиграа уште еден одличен натпревар во Букурешт, па со втора победа стигнаа до место меѓу четирите најдобри во Европа во младинскиот ракомет. Пелистерци одлично го започнаа натпреварот и во поголемиот дел од првото полувреме имаа предност, за во финишот да направат серија од 6:1 и да дојдат до предност од 18:12 на паузата. Во вториот дел домашната екипа по 7-8 минути игра успеа да ја стопи предноста на Е.Пелистер на 23:21, но добрата…
Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, ова лето е приоритет на трансферот во Реал Мадрид, ова го објавија дел од медиумите во Шпанија. Според истите, и Кралскиот клуб е многу заинтересиран за 26-годишниот фудбалер. Претставниците на Реал Мадрид стапиле во контакт со Зубименди и му кажале за плановите за него. Претходно медиумите објавија дека интерес за шпанскиот играч за врска покажуваат и Арсенал и Манчестер Сити. Сезонава Зубименди одигра 42 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна два гола и имаше две асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година, а неговата пазарна вредност е…
Централниот дефанзивец на Баер Леверкузен и германски репрезентативец Џонатан Та би можел да го следи Чаби Алонсо во Реал Мадрид доколку шпанскиот стручњак биде назначен за нов тренер на „кралскиот клуб“. Според информациите на Флоријан Плетенберг од „Скај Спорт Германија“, евентуалната преселба на Алонсо во Мадрид би можела да го отвори патот за трансфер на Џонатан Та на „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид има итна потреба од освежување на одбраната, откако минатото лето не успеа да потпише замена за Начо, а сезоната 2024/25 започна со само тројца природни централни бекови – Едер Милитао, Антонио Рудигер и Давид Алаба. Сепак, Милитао заработи…
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани изјави дека „не можат да го променат минатото“ откако испаднаа од Лигата на шампионите, но „можеме да покажеме колку сме добри“ бидејќи тимот ќе се фокусира на својата преостаната цел за сезоната – враќање на титулата во Бундеслигата. „Сакаме да искористиме се што можеме за да бидеме подобри во следниот натпревар. Секако дека сум многу мотивиран и гладен за успех. Не ми треба многу за да се вратам со полна енергија следниот ден“, рече Компани на прес-конференцијата пред следниот натпревар. Сонот на Баерн да го игра финалето на домашен терен во Минхен на 31…
Раководството на Пари Сен Жермен планира да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Бредли Баркола, објави новинарот Николо Шира на својата страница на социјалната мрежа Х. Според изворот, новиот договор со фудбалерот ќе трае до 2030 година. Исто така, се истакнува дека клубот ќе ја зголеми платата на играчот. 22-годишниот офанзивен играч за врска Баркола одигра 48 натпревари за парижаните во сите натпреварувања во сезоната 2024/2025, постигнувајќи 18 гола и 16 асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 70 милиони евра.
Mакедонската тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го започна својот настап на ИТФ фјучрсот турнирот кој се игра во словенечкиот град Копер. Ѓорческа во првото коло на турнирот вреден 60.000 американски долари славеше против Мари Беноа од Белгија со максимални 2:0, по сетови 7:5 и 6:2. Во осминафиналето Лина Ѓорческа ќе игра со подобрата од мечот меѓу Французинката Селена Јаничевиќ и Екатерине Горгодѕе од Грузија.
