Author: riste

Денеска на платото пред Ист Гејт Мол во Скопје, Македонскиот олимписки комитет одржува настан со кој се одбележува почетокот на одбројувањето до Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, најголемиот спортски настан во историјата на нашата држава, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули. Програмата вклучува спортски и забавни активности за сите возрасти, како турнири во 3х3 баскет, интерактивни работилници и презентации поврзани со олимписките вредности. Настанот има и хуманитарен карактер, со посебен фокус на поддршка на семејствата погодени од неодамнешната трагедија во Кочани. Настанот „100 дена до ЕМОФ“ претставува одлична можност за младите и сите љубители…

Read More

Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, ја коментираше информацијата за постоење на преговори со клубот за продолжување на неговиот договор. Претходно медиумите објавија дека од Барслеона сакаат да го продолжат договорот со германскиот тренер до 2027. Актуелниот договор е до 30 јуни 2026 година. „Мојот одговор ќе биде долг. Навистина го ценам и уживам во она што го имам овде. Имам фантастичен персонал и неверојатен тим со многу професионални играчи. Гледам фантастична атмосфера во соблекувалната. Многу пати сум кажал дека тоа е како семејство. Целиот персонал е неверојатен и ја работи работата што треба да се заврши. Освен тоа, добро се забавувам…

Read More

Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) ја отфрли жалбата на Осасуна против Барселона поради настапот на дефанзивецот Иниго Мартинез во нивниот меѓусебен натпревар од 27. коло од Ла Лига, објави „Мундо Депортиво“. Осасуна истакна дека од Барселона ги прекршиле прописите на ФИФА, според кои фудбалер кој ја напушта репрезентацијата поради медицински причини, нема право да игра за својот клуб пет календарски дена по завршувањето на репрезентативната пауза. Се нагласува дека во понеделник, 17 март, РФЕФ најави исклучување на Мартинез од составот на Шпанија поради медицински причини. Според изворот, РФЕФ ги слушнал аргументите на двете страни и потврдил дека исклучувањето на Мартинез од националниот…

Read More

Шампионот од Светското првенство во 2010 година со шпанската фудбалска репрезентација, Сеск Фабрегас, е опција за тренерската позиција во РБ Лајпциг за следната сезона, пренесува германското издание „Лајпцигер Фолксцајтунг“, истакнувајќи ги добрите односи меѓу Фабрегас и еден од шефовите на Ред Бул, Оливер Минцлаф. Двократниот европски шампион Фабрегас моментално е тренер на италијанскиот елитен клуб Комо. Привремената тренерска позиција во РБ Лајпциг ја има Золт Лев, кој беше назначен по отказот на Марко Розе минатиот месец, но клубот е во потрага по нов тренер за претстојната сезона. На листата на кандидати, според извештаите, се менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер,…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ја одбил богата понуда од Саудиска Арабија, пренесува „Кадена Сер“. Саудијците на 24-годишниот фудбалер му понудиле петгодишен договор вреден една милијарда евра. Винисиус не бил заинтересиран за толку долгорочен договор, а од Саудиска Арабија, пак, не се подготвено да вложат многу пари во трансфер на играч за една или две сезони. Напаѓачот продолжува да преговара со Реал Мадрид. Најверојатно, двете страни ќе го продолжат договорот на 2-3 години. Бразилецот игра за Реал Мадрид од 2018. Заедно со мадридскиот тим три пати го освојуваше шпанското првенство, двапати ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на…

Read More

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар од бараж двомечот за место на СП 2025. Нашиот национален тим гостува во Кошалин, каде ќе игра против домашната селекција на Полска Ракометарките на Македонија ќе излезат на терен за да се надигруваат со ривалот. Желба и мотив постојат, а тоа е дека последниот настап на едно Светско првенство, женската селекција го имаше пред долги 18 години. Во составот на ракометарки кои ќе настапат, од првичниот список, селекторот Грчевски не ги избра голманката Матеа Чурлиновска, како и крилата Пена Граматова и Емилијана Ризоска. Натпреварот меѓу Полска и Македонија стартува од…

Read More
NBA

Тренерот на кошаркарите на Бостон, Џо Мазула, ја коментираше изненадувачката одлука на челниците на Денвер да го отпуштат тренерот, Мајкл Мелон. „Се будам секој ден со мисла дека може да ми биде последен. Тоа е мотивирачко. Таквата перспектива е корисна“ – вели тренерот на Селтикс.„Мора да постигнете рамнотежа помеѓу знаењето дека ја сакате работата и во исто време дека сте прилично лесно заменливи. Тоа е факт“ – рече тренерот на Бостон.

Read More
NBA

Српскиот кошаркар, Василије Мициќ, може да го напушти составот на Феникс и НБА лигата и да се врати на стариот континент. Наводно за неговите услуги е заинтересиран тимот на Хапоел Тел Авив кој аплицираше за тригодишна лиценца за учество во Евролигата. 31-годишниот плеј-мејкер во 2024 година се пресели во најсилната лига во светот кога го облече дресот на Шарлот. Една година подоцна Мициќ замина во Феникс.

Read More

Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Франција започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC). Првата од 11-те сезонски трки ќе биде на патеката „Сан Жар Ду Гард“. Стефановски и годинава ќе се трка со Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1. „Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка“ -…

Read More

Весли Снајдер процени дека Реал Мадрид направил грешка со поставувањето на ѕидот кога Деклан Рајс успеа да погоди во два наврата од слободен удар и да ја најави победата на Арсенал. „Ѕидот беше погрешно поставен при првиот гол. На играч со десна нога никогаш не треба да му се дозволи да шутира под таков агол. Ако имате добар шут, тоа е многу лесен гол. Ѕидот беше преместен премногу лево“ – вели Снајдер. „Сакам да дадам и мал коментар за вториот гол. Растојанието беше големо. Репризата покажува дека Куртоа прави чекор надесно. Да стоеше во неговиот агол ќе успееше“ – изјави…

Read More