Нашата женска тениска репрезентација ја забележа и втората победа во групата Ц од Втората евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот. По првите два сингл меча против Косово имаме недостижна предност од 2-0. Во првиот дуел Магдалена Стоилковска ја победи Веса Ѓинај со 2-1 во сетови (2-6, 6-4, 6-2) а веднаш потоа Лина Ѓорческа славеше против Форта Морина со 2-0 во сетови (6-1, 6-0). Во двојки за нашата селекција ќе настапат Јана Божиновска и Ана Митевска против Веса Ѓинај и Адријана Лекај.
Author: riste
Легендарниот, Лотар Матеус, направи рангирање на најдобрите играчи на Баерн на сите времиња. Поранешниот фудбалер за врска на тимот од Минхен и воедно на германската репрезентација, во интервју за „Билд“, ги именуваше според него најдобрите 10-ет во историјата на Баварците. 1. Франц Бекенбауер;2. Герд Милер3. Томас Милер4. Мануел Нојер5. Карл-Хајнц Румениге6. Роберт Левандовски7. Сеп Мајер8. Филип Лам9. Пол Брајтнер10. Франк Рибери
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, по вчерашниот пораз на домашен терен од Интер со 2-1 во првиот меч од 1 / 4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека тоа е само прво полувреме од двомечот. „Мислам дека добро го започнавме натпреварот и бевме доминантни. Имавме многу добри шанси за голови. Доминиравме и во вториот дел. Сега мора да победиме во Милано“ – изјави Компани. „Реваншот ќе биде различен. Кога создаваме шанси, обично постигнуваме два или три гола. Секако дека секогаш одиме на победа“ – потенцираше Компани. Реваншот ќе се одигра на 16 април во Милано
Младинскиот фудбалски репрезентативец на Холандија, Езекиел Банзузи, од наредната сезона ќе го носи дресот на германскиот состав, РБ Лајпциг. 2 0-годишниот играч од средниот ред во јули ќе го напушти белгискиот Леувен и ќе му се приклучи на бундеслигашот. За неговиот потпис ќе бидат платени околу 16 милиони евра. Фудбалерот ќе добие договор за пет сезони. Банзузи игра во првата дивизија на Белгија од 2023 година и досега има 66 настапи. Тој е дел од репрезентацијата на Холандија до 21 година.
Легендата на Милан и на Хрватска, Звонимир Бобан, се осврна на одлуката на УЕФА да го прогласи Алесандро Бастони за играч на натпреварот меѓу Баерн Минхен и Интер во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Со сета почит кон Бастони, тие многу малку разбираат од фудбалот. Да се даде наградата на дефанзивец по таква победа нема смисла“ – изјави Бобан. „Напаѓачите беа фантастични. Мхитарјан и Барела одлично ја читаа играта и направија многу елегантни додавања“ – рече Бобан.
Деклан Рајс беше херојот на Арсенал во дуелот против Реал Мадрид откако успеа да постигне два гола од слободен удар. До синоќешниот натпревар, Рајс никогаш немаше погодено директно од слободен удар, а против Кралскиот клуб упати два удари кои завршија во мрежата на Тибо Куртоа. По мечот, Рајс не можеше да објасни како се чувствува, но раскажа што се случувало пред да ги изведе двата шута од слободен удар. „Останав без зборови. Не знам дали ќе дадам уште еден таков гол, иако ударите ги упатив со голема самодоверба. Пред првиот шут, Мартин (Одегард) предложи да нафрлам, но му реков дека…
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, смета дека победата на Арсенал е целосно заслужена, па дури и призна дека неговиот тим се спасил од потежок пораз на „Емирати“. Реал Мадрид загуби со 0:3 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите и е на прагот на елиминација од турнирот. „Факт е дека не бевме блиску до позитивен резултат. Домаќините, пак, беа многу добри. Јасно е дека два гола беа постигнати од слободни удари и се резултат на висока индивидуална мајсторија, но искрено, можеа да постигнат и повеќе. Имавме среќа што примивме само три гола. Сепак, претстои реванш…
Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, постигна два гола од директни слободни удари во првиот натпревар од четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампионите 2024/2025 година, каде што Топџиите го совладаа Реал Мадрид со 3-0 на домашен терен. Според Opta Sport, Рајс постави уникатен рекорд со тоа што стана првиот играч во историјата на нокаут-фазата на најсилното европско клупско натпреварување кој постигнал повеќе од еден гол од слободен удар на натпревар. Земајќи ја предвид групната фаза, на натпреварите од Лигата на шампионите пред Деклан Рајс , само играчот од средниот ред Ривалдо и напаѓачите Кристијано Роналдо , Нејмар и Хаким Зиеш постигнаа гол од слободни удари.
Несреќен пораз на македонската женска тениска репрезентација од 2:1 на дуелот со Норвешка во 2. коло од Ц групата на Били Џин Кинг купот што се игра во Ларнака, Кипар. По двата сингл меча резултатот беше нерешен 1:1, па така победникот во овој меч се решаваше во играта во двојки. Македонскиот дубл добро го почна мечот и имаше водство од 4:1 во гемови, но потоа ривалките направија серија од пет гема и го добија првиот сет 6:4 во гемови што значеше водство од 1-0 во сетови. Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска „се вратија“ во мечот и изедначија на 1-1 во…
Денес беше одржана Прес-конференција на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) на која беа споделени деталите околу последните подготовки за организација на Европскиот Младински олимписки фестивал 2025 во Скопје. Овој спортски настан ќе се оджи во Скопје, а ќе има натпревари кои ќе се одржат и во Куманово од 20 до 26 јули оваа година. Претседателот на МОК, Даниел Димевски, ја истакна важноста на ЕМОФ Скопје 2025 како најголемиот спортски настан во историјата на Македонија и како клучна можност за развој на младинскиот спорт. „Станува збор за исклучително голем настан – најголемиот што досега го организирала нашата држава. Очекуваме речиси 4.000 учесници,…
