Author: riste

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои четвртото место на полумаратонската трка која се одржа во Белград. Ивановски ја истрча полумаратонската патека од нешто повеќе од 21 километар со време од 1:07,22 часа и тоа беше доволно за пласман на четвртата позиција. Македонскиот маратонец одлично се носеше со водечките маратонци од Африка. На првото место во полумаратонот заврши Муалуко Михаел од Кенија, а втор и трет завршија браќата Гемеда. Овој полумаратон беше загревање за Дарио Ивановски за она што следува, а тоа е настапот на Европското првенство во Брисел на 13 април.

Read More

Актуелниот шампион во Формула 1, возач на Ред Бул, Макс Верстапен, триумфираше на трката за Големата награда на Јапонија, трета трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Холанѓанецот славеше четврта година по ред на патеката „Сузука“, а со тоа ја забележа и првата победа сезонава, пред Ландо Норис со болидот на Мекларен. На подиумот им се придружи уште еден возач на Мекларен, Оскар Пјастри. По нив следуваа Шарл Леклер, кој ја забележа јубилејната 150-та трка во кариерата, потоа Џорџ Расел, Андреа Антонели, Луис Хамилтон, а Топ 10 го комплетираа Исак Хајар, Алекс Албон и одличниот Оли Берман. Трката на патеката…

Read More

Одбојкарите на Штип УГД ја одбранија титулата во Купот на Македонија откако во реприза на ланското финале успеаа да слават над Струмица во три сета (25:21, 26:24, 25:21) и така дојдоа до второто одличје во низа во ова натпреварување. Ова е голем успех за Штип УГД, кој најавува атак и кандидатура за „двојната круна“ на домашната сцена. Штопјани доминираа во првиот сет кој го добија со 25:21, во вториот сет мораше да се игра на разлика, но Штип УГД пповторно беше подобар и славеше со 26:24. Во третиот сет екипата на Струмица почна добро, но не издржа и Штип УГД направи…

Read More

Одбојкарките на Наковски Волеј ја освоија првата куп титула во својата клупска историја откако во финалето на Купот на ОФМ 2025 кај дамите со 3:2 (16:25, 25:18, 10:25, 25:21, 15:13) го победија Јанта Волеј Кисела Вода во одлична атмосфера во салата „25. Мај“ во Радовиш. Наковски Волеј го играше третото куп финале во кое стигна до премиерниот трофеј, откако на двапати се враќаше од негатива. Финалето со многу подеми и падови и кај едната и кај другата екипа донесе и убави, долги интересни поени, но и убедливи добиени сетови. Јанта Волеј КВ се надеваше на титула во Купит во годината…

Read More

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за најистакнат млад играч на планетата од авторитетниот спортски медиум „ESPN“. Според изданието, 16-годишниот талент е на првото место меѓу најдобрите фудбалери до 21 година. Рангирањето опфаќа вкупно 39 млади играчи и се базира на нивните перформанси на највисоко ниво, постојаноста во играта и потенцијалот за иден развој. „ESPN“ ги собра мислењата на фудбалските скаути, спортските директори од водечките европски клубови и експертите од дигиталните скаутинг платформи. На втората позиција е германскиот плејмејкер Флоријан Вирц, кој има импресивна сезона со Баер Леверкузен и веќе е меѓу водечките фигури во Бундеслигата. Третото место…

Read More

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ. Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот. Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, официјално објави дека ќе го напушти клубот по крајот на сезоната. Договорот на ветеранот истекува на лето и нема да биде обновен. Во писмото до навивачите на тимот, напаѓачот откри дека раководството на Баерн не покренало никакви преговори за евентуално продолжување на договорот меѓу двете страни. Милер ги бранеше боите на Баерн Минхен цели 25 години, во кои одигра преку 700 натпревари за првиот тим и успеа да освои над 20 трофеи. „Денес е сè освен нормален ден за мене. Моите долги 25 години како играч на Баерн Минхен ќе завршат во текот на…

Read More

Актуелниот шампион Макс Верстапен покажа дека и кога има побавен болид знае да извлече максимум и да покаже дека е најдобриот возач во Формула 1. Верстапен во квалификациите за трката за Големата награда на Јапонија имаше најдобро време. Ова беше всушност и најбрз круг во историјата извозен на легендарната „Сузука“. Верстапен во фото-финиш стигна до време од 1:26,983, што беше доволно за да го преземе врвот. Холанѓанецот беше за само 0,012 секунди побрз од Ландо Норис, додека третопласиран заврши Оскар Пиастри со 0,044 заостанок. Вториот стартен ред го затвора Шарл Леклер. Од третиот стартен ред ќе започнат двоецот на Мерцедес, Расел…

Read More

Стравувањата околу состојбата на Џамал ​​Мусиала се потврдени – играчот од средниот ред на Баерн Минхен ќе паузира подолг период. Според новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Платенберг, младата ѕвезда на Баварците ќе биде надвор од терените околу осум недели или два месеци, што практично значи дека сезоната за него е завршена. Мусиала доживеа истегнување на мускулот на левата надколеница на последниот натпревар против Аугсбург (3:1) одигран синоќа. Оваа повреда се надополнува на и онака долгата листа на отсутни играчи во тимот на Баерн. Тимот ќе мора да се справи без клучните играчи како што се Дају Упамекано, Мануел Нојер, Алфонсо…

Read More

Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече својот поранешен фудбалер Морган Роџерс од Астон Вила, објавија медиумите во Англија. Вчера стана јасно дека ѕвездата на тимот Кевин де Бруин ќе го напушти клубот на лето, а како негова замена се шпекулира Роџерс. Се очекува „Граѓаните“ да бидат доста активни на трансфер пазарот ова лето во обид да го засилат својот тим по лошата сезона во Премиер лигата. Сити е само петти на табелата на осум кола до крајот. Во периодот од 2019 до 2023 година, Морган Роџерс беше одличен во академијата на Манчестер Сити пред да биде продаден на…

Read More