Author: riste

Ѕвездата на Вулверхемптон, Матеус Куња, најави дека ќе го напушти клубот на лето. Бразилецот призна дека имал можност за тоа уште во јануари, но не го направил овој чекор за да му помогне на својот тим во борбата за опстанок во Премиер лигата. Моментално „волците“ се веднаш над зоната за испаѓање со освоени 26 бода. „Имав многу понуди во јануари, но немаше да се чувствувам добро да си заминам. Некои работи се надвор од твоја контрола, но немаше шанси да го напуштам клубот на средината на сезоната, во тешка ситуација во зоната за испаѓање. Сега кога сме блиску до остварување…

Read More

Ракометната Федерација на Македонија на денешната седница на Управниот Одбор донесе неколку значајни одлуки. Влатко Тасевски е именуван за Генерален Секретар додека Среќко Ѓорѓиевски е поставен за претседател на Дисциплинската Комисија во која влегуваат и Тони Николовски и Кристина Лукрис. Нашата ракометна легенда, Индира Кастратовиќ, е поставена закоординатор на сите женски репрезентации додека Гино Стрезовски ќе биде советник на Претсeдателот на РФМ за женските селекции а Драган Начевски ќе ја има таа улога за машките.

Read More

Полскиот голман, Милош Валах, од наредната сезона ќе го носи дресот на РК Вардар откако нашиот состав се согласил да го плати обештетувањето. Тој ќе има договор со „црвено-црните“ до 2027 година. 24-годишниот ракометар минатата година се врати во Киелце откако две сезони играше како позајмен во Вибжеже. Валах на последниот меч од Лигата на шампионите против Фуксе Берлин имаше девет одбрани.

Read More

Плејмејкерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, би можел да се врати од повредата порано од очекуваното, а тимот е подготвен да ризикува на крајот од сезоната во борбата со лидерот Баерн Минхен за титулата во Бундеслигата. Вирц пред четири недели се здоби со повреда на скочниот зглоб, но тренерот Чаби Алонсо призна дека лидерот на неговиот тим е блиску до враќање. „Негавата состојба со зглобот е добра. Не сакаме да бидеме конзервативни, би сакале да ризикуваме“, рече Шпанецот. „Ако може да игра порано, ќе го преземеме тој ризик. Можеме да бидеме оптимисти дека ќе се врати порано од очекуваното“, рече…

Read More

Мнозинскиот сопственик на францускиот Пари Сен Жермен – Катар Спорт Инвестментс, наскоро може да додаде нов клуб во своето портфолио. Станува збор за шпанскиот второлигаш Малага. Според медиумите во Франција, претставници на моќниот конзорциум веќе се во преговори со раководството на Малага. Авторитетниот весник „Л’Екип“ тврди дека „QSI“ е подготвен да понуди 100 мил. евра за контролниот пакет акции во клубот. Шпанскиот клуб моментално е во сопственост на шпанскиот синџир хотели „Bluebay“ и катарскиот бизнисмен Абдула Ал Тани. Сепак, Малага веќе подолго време се соочува со сериозни финансиски тешкотии и бара нови инвеститори.

Read More

Синоќа, Роберт Левандовски постигна гол за Барселона во победата од 3:0 над Осасуна и стана вториот играч на возраст од +36 години во 21 век кој постигнал повеќе од 20 голови во една сезона во топ 5 европските лиги. Досега ова го имаше само Италијанецот Лука Тони, кој во сезоната 2014/15 постигна 22 гола за Верона во Серија А. Речиси сигурно е дека Левандовски ќе излезе како единствен лидер на ова рангирање, бидејќи има уште многу натпревари до крајот на шпанското првенство.

Read More

Медиумите во Англија ги открија платите на судиите од Премиер лигата. Иако последниве години беа едни од најкритикуваните во Европа поради нивните еклатантни грешки, се чини дека нивниот настап не влијае на нивната годишна плата. Импресивно е што тие се едни од најплатените професионалци и добиваат многукратно повеќе од некои од најодговорните професии на Островот. Според студијата, просечната плата на судиите кои водат натпревари од Премиер лигата е 175.000 фунти годишна плата. Тоа е речиси двојно повеќе од платата што ја добиваат, на пример, пилотите кои го заземаат второто место во рангирањето. Погледнете ги останатите професии во Топ 10:

Read More

Реал Мадрид размислува да ја зголеми платата на 22-годишниот централен дефанзивец Раул Асенсио на 9 милиони евра според новиот договор. Ова го објави „Дефенза Централ“. Според изворот, Реал Мадрид може да ја зголемат и откупната клаузула за шпанскиот фудбалер на 500 милиони евра. Се нагласува дека шпанскиот гигант сака да го направи тоа за трајно да го запрат секој обид за ангажирање на играчот од европските клубови, па дури и од Саудиска Арабија“. Асенсио оваа сезона одигра 40 натпревари во сите конкуренции на кои имаше две асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година. Според информациите објавени на…

Read More

Клубовите во Англија гласаа за голема промена за претстојниот летен преоден рок. Според денешната одлука, предвреме ќе се отвори следниот период во кој врвните клубови од Премиер лигата ќе можат да склучуваат зделки. Трансфер прозорецот ќе се отвори на 1-ви јуни, а ќе се затвори на 10-ти јуни. Светското клупско првенство се одржува во САД од 15 јуни до 13 јули. Традиционалниот преоден рок ќе се отвори на 16 јуни и ќе се затвори на 1 септември. Годинава за прв пат Светското клупско првенство ќе се одржи во нов формат и во лето.  Во него ќе учествуваат 32 клуба, меѓу…

Read More

Германскиот првак Баер Леверкузен ќе изврши што е можно поголем притисок врз лидерот во Бундеслигата, Баерн Минхен, додека тие се борат да ги одржат надежите за титулата, изјави тренерот Чаби Алонсо пред натпреварот на домашен терен во петок против Бохум кој се бори за испаѓање. На осум натпревари до крајот на шампионатот, тимот на Алонсо, кој минатата сезона ја освои двојната круна е втор во Бундеслигата со 56 бодови, шест помалку од лидерот Баерн Минхен. „Да се ​​биде во борбата за титулата е многу важно за нас“, рече Алонсо на прес-конференција денес. „Јасно е што треба да направиме, а тоа…

Read More