Напаѓачот на Челзи, Николас Џексон се враќа на тренинзите со соиграчите по долго отсуство поради повреда, што е одлична вест за тренерот Енцо Мареска. Џексон нема играно од почетокот на февруари, но неговото враќање доаѓа токму навреме додека лондончани се подготвуваат за решавачката фаза од битката за место во Лигата на шампионите. Првиот сериозен тест е лондонското дерби против Тотенхем кое ќе се одигра на 3 април. Сезонава Џексон е втор стрелец на тимот, постигнувајќи девет гола на 23 натпревари. Пред него е само Кол Палмер со 14 гола. Самиот Англичанец, сепак, се бори со повреда на мускулот што го…
Author: riste
Полскиот ракометар, Анџеј Видовски, ќе биде ново име во составот на Еурофарм Пелистер за наредната сезона. Станува збор за 22-годишен играч кој ќе дојде од екипата на Гвардиа Ополе. Десниот бек кој е висок 186 сантиметри настапува и за полската репрезентација. Тој со битолчани ќе има договор до 2027 година.
Ново формираниот ЖРК Атлетик преку соопштение до медиумите најави дека ќе се стреми да биде расадник на голем број репрезентативки во догледно време и дека ќе форсира вистински спортски вредности со еднаква шанса за докажување на младите ракометарки. „Со големо задоволство ви го најавуваме проектот кој го смисливме со многу голема љубов и желба и за кој веруваме дека ќе биде нешто посебно во женскиот ракомет. Искуството во Европскиот женски ракомет ќе ни овозможи полесно да ги оствариме зацртаните цели со исклучиво наши Македонски играчи“ – вели Ана Стојков, Извршен директор. „Пресреќна сум што сум дел од овој прекрасен нов…
Селекторот на Велс, Крег Белами, застана во одбрана на фудбалерот, Џо Ален, кој доби критики поради грешката на вчерашниот квалификациски меч со Македонија одигран во Скопје. Поранешниот репрезентативец на Велшаните, Ешли Вилијамс, го посочи 35-годишниот играч како главен виновник за примениот гол во судиското надополнување а критики пристигнаа и од други страни.„Знам дека луѓето ќе речат дека тоа е грешка на Џо Ален но, јас му кажав да игра така. Погледнете ја неговата реакција, тој беше во состојба да застане на топката и да не се крие. Се надевам дека еден ден ќе му изградат статуа“ – рече Белами за…
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на прес-конференцијата по натпреварот со Велс им честиташе на играчите за прикажаното и изрази задоволство од освоениот бод, со оглед на сериозноста на противникот и се што се случуваше на натпреварот. „Велс е исклучително сериозен тим, составен од играчи кои настапуваат во најсилните лиги, Премиер лига и Лига 1. Беа агресивни, физички подготвени, но нашите фудбалери покажаа дека напредуваат со секој изминат натпревар, иако сметам дека уште малку ни фали за да се носиме со подобри репрезентации кои играат на топ-ниво. Нема простор за големо разочарување, Македонија покажа дека може да биде рамо…
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го пречекува Велс во рамките на втората рунда од квалификациите за Мундијалот 2026. Нашиот селектор, Благоја Милевски, вели дека сме подготвени да дојдеме и до втора победа во обој квалификациски циклус. „Треба да бидеме совршени на тактички план и во тркачкиот дел и секако мора да бидеме максимално фокусирани ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Пред мечот со Лихтенштај и сега, емоциите се тука, мислам дека самата подготовка за овие натпревари е посебна тешка за мене и фудбалерите“ – рече Милевски. „Околностите за жал се тие, се надевам дека никогаш повторно нема да се соочиме…
Трансферот на Трент Александар-Арнолд во Реал Мадрид е завршена работа. Агентите на англискиот десен бек, вклучувајќи го и неговиот брат, конечно постигнале договор за личните услови со „кралскиот клуб“. Овој договор треба да опфати период од пет сезони почнувајќи од 1 јули. Ако репрезентативецот на Англија веќе заработуваше околу единаесет милиони евра по сезона во Ливерпул, а шпанската понуда би можела да биде околу петнаесет милиони евра бруто по сезона, со атрактивни бонуси за перформанси, како и бонус за потпишување „еквивалентен на разумна сума за трансфер“, велат шпански извори. Начелен договор бил постигнат во последните недели и покрај повторените обиди…
Навивачите на Манчестер Јунајтед ќе организираат заеднички протест против 20-годишното владеење на Глејзерс на 29 март. Навивачите на Манчестер Јунајтед планираат нов протест кој ќе се совпадне со 20-годишнината од сопственоста на клубот од семејството Глејзер. Протестот е инициран од групата 1958 и екипата на Јунајтед оф Манчестер која беше основана во 2005 година од навивачите на Манчестер Јунајтед незадоволни од купувањето на клубот од страна на Малколм Глејзер. Настанот ќе се одржи на 29 март за време на натпреварот на Јунајтед оф Манчестер и ќе биде прв обид да се обединат навивачите на Манчестер Јунајтед од 2005 година. Планот…
Францускиот играч за врска Пол Погба, моментално слободен играч и се подготвува да се врати на теренот. Како што пренесуваат медиумите од Франција, фудбалерот одлучи да премине во Интер Мајами. Преговорите на Французинот со американскиот клуб се во напредна фаза. Договорот би можел да се случи во блиска иднина. Се истакнува дека на одлуката на Погба влијаело присуството на Лионел Меси во Интер Мајами. Последен клуб на Погба беше торинскиот Јувентус, со кој играчот го раскина договорот во октомври минатата година. Фудбалерот претходно играше и за Манчестер Јунајтед.
46-годишниот Игор Тудор кој е нов тренер на Јувентус поминал 1000 километри со автомобил за да потпише договор со клубот. Ова го објави „Скај Спортс“. Во информацијата се вели дека тренерот веднаш по повикот од управата на клубот влегол во автомобил и се упатил кон Торино. Во моментот на отказот на Тиаго Мота, Хрватот беше дома во Сплит. Се дознава дека новиот тренер на Јувентус веќе целосно се впуштил во работа и одработил тренинзи со играчи кои не настапуваат за националните тимови. Игор Тудор (46) играше за Јувентус од 1998 до 2007 година, а беше и во стручниот штаб на клубот меѓу 2020…
