Голманот на Барселона, Војчех Шчесни ќе потпише нов договор со клубот. Полскиот голман се согласи да потпише нов договор со „каталонците“ за период од една година. Искусниот голман се чувствува одлично во шпанскиот гигант, а неговиот агент неодамна изјави дека нема да има пречки да остане во тимот доколку се бара. Задоволен од желбата и односот на Шчесни во тимот беше и тренерот на Барса, Ханси Флик. Тој потпиша со клубот иако и официјално го најави своето повлекување од фудбалот. По доаѓањето во Барселона, Шчесни ослабе девет килограми за да биде во оптимална форма и да му помогне на тимот,…
Author: riste
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, беше задоволен од почетокот на неговата работа со тимот. Во првите два натпревари од светски квалификации, Англија остварија две победи – против Летонија (3:0) и Албанија (2:0). „Имавме одлична недела на тренинг кампот и самиот натпревар беше добар. Сосема нормален, добар натпревар. Тоа не е нешто лудо или возбудливо, но нашите резултати се многу добри, со чисти голови. Има многу позитивни работи што треба да се пофалат, но има уште простор за подобрување, а тоа е добро”, изјави Тухел. Англија синоќа пред својата публика ја совлада Летонија со 3:0 во квалификацискиот натпревар…
Македонски ракометен клуб Вардар 1961 го промовираше ново засилување за следната сезона. Во таборот на „црвено-црните“ следното лето доаѓа Марек Марчињак од Полска. Станува збор за ракометар кој игра на позициите десен бек и десно крило. Марчињак доаѓа во Вардар од редовите на Азоти Пулави, а со скопскиот гигант потпиша двегодишна соработка до 2027 година. Марчињак е полски репрезентативец, играше за националниот тим на последното Светско првенство. Сезонава во дресот на Азоти Пулави полскиот ракометар на 23 меча во првенството постигна 71 погодок. Во кариерата освен за овој клуб, Марчињак настапуваше уште за Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лубин, па налето доаѓа во Скопје…
Македодонскиот прволигаш Шкупи, последниот тим за кого играше Андреј Лазаров, кој е една од жртвите во пожарот во Кочани, го повлечете дресот со број 77. Од клубот објавија дека неговиот договор ќе биде исплатен на семејството до истекот. „ФК Шкупи донесе одлука да се повлече од користењето дресот со бројот 77, кој Андреј Лазаров го носеше до својата прерана смрт. Ова е многу мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот.Исто така, клубот одлучи на неговото семејство да му бидат исплатени платите според договорот што Лазаров го имал со ФК Шкупи.Андреј Лазаров…
Фудбалскиот клуб Вардар објави информации за продажбата на билети за закажаниот меч против Црвена Звезда. Македонскиот и српскиот гигант ќе одиграат пријателски натпревар на 16 април кој ќе биде од хуманитарен карактер, а сите приходи од продажбата на билетите ќе бидат донирани за жртвите и повредените во трагедијата во Кочани. Вардар на својот официјален веб-сајт објави информации за билетите. Ќе се продаваат два вида на влезници, односно на јужната и северната трибина билет ќе чини 200 денари, а за западната и источната по 100. Од Вардар најавија бесплатен влез за децата од основните училишта од Кочани.
Селекцијата на Нов Зеланд стана петтиот учесник на претстојното Светско првенство. Нов Зеланд во финалето од квалификацискиот циклус ја совлада Нова Каледонија (3:0) и добија билет за завршниот дел од турнирот. Треба да се напомене дека Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Вообичаениот формат на турнирот ќе биде променет: репрезентациите ќе бидат поделени во 12 групи по четири селекции, каде секоја селекција ќе одигра по три натпревари во групната фаза. Првопласираните две екипи од секоја група и осумте најдобри третопласирани екипи ќе се пласираат во плеј-оф фазата. Најголемиот дел од натпреварите ќе се…
Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ зборуваше одиграниот реванш натпревар од 1/4 финалето на Лигата на нации на УЕФА со француската репрезентација (0:2, 4:5 пенали). „Им честитам на Французите, тие беа посилен противник. Нашите момци дадоа се од себе. Не беше лесно да се вратиш во игра по три дена. Не сакавме да се браниме, но не принудија. Се боревме со сите сили, дадовме максимум, стигнавме до пенал рулетот, но немавме среќа во тој дел“, изјави Далиќ за официјалниот сајт на УЕФА. Во првиот натпревар хрватската репрезентација победи со резултат 2:0. Головите ги постигнаа напаѓачот Анте Будимир и играчот од средниот ред…
Во реваншот од 1/4 финалето на Лигата на нации на УЕФА, во кој се сретнаа репрезентациите на Шпанија и Холандија, крилниот напаѓач на Шпанија, Ламин Јамал постигна гол и постави историски рекорд во ова натпреварување. Ламин Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на турнирот. Во моментот на натпреварот Шпанецот имаше 17 години и 258 дена. Претходно, рекордот му припаѓаше на сонародникот на Јамал и соиграч во Барселона, Гави. Тој постигна гол на 17 години и 304 дена. Да потсетиме, домашната екипа победи по пенал серијата (3:3, 5:4 пен.) и се пласираше во полуфиналето на турнирот. Репрезентацијата на Шпанија е актуелен победник на Лигата…
Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп го оцени придонесот на напаѓачот и капитен на репрезентацијата Килијан Мбапе во победата над Хрватска во полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА. „Мбапе блеска. Цела недела беше голем лидер. Тој се покажа како одличен играч и одличен капитен на овој тренинг камп“, изјави Дешамп. Да потсетиме, синоќа беше одигран реваншот од 1/4 финалето на Лигата на нации на УЕФА, во кој се сретнаа селекциите на Франција и Хрватска. Екипите играа на „Стад де Франс“ во Париз. Франција победи по подобро изведување на пенали (5:4) откако во рекуларниот дел и продолженијата беше 2:0 за Франција.
Откако беа одиграни сите бараж натпревари, познати се сите учесници кои ќе бидат дел од Лигата Б во Лигата на нациите каде во новата сезона ќе игра и репрезентацијата на Македонија. Нашиот национален тим во повисокиот ранг е со еден од најслабите ранкинзи од сите учесници. Што е нормално, затоа што тукушто обезбедивме промоција. Еве како изгледа проекцијата за тоа како треба да изгледаат шеширите пред одредувањето на групите. Шешир 1: Шкотска, Унгарија, Полска, ИзраелШешир 2: Швајцарија, БиХ, Австрија, УкраинаШешир 3: Словенија, Грузија, Ирска, РоманијаШешир 4: Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово Групната фаза во новата сезона од Лигата на нациите 2026/27 ќе се игра од септември до ноември 2026 година, додека…
