Author: riste

Дефанзивецот Пау Кубарси го напушти таборот на шпанската репрезентација и се врати во својот клуб Барселона. Младиот дефанзивец се повреди на првиот натпревар против Холандија во Лигата на нации и отпадна од тимот за реваншот. „По направените тестови од страна на медицинските служби на Кралската шпанска фудбалска федерација, одлучено е играчот да се врати во својот клуб Барселона за да започне со закрепнување поради непријатноста што ја доживува во десниот зглоб и која го спречи да го одработи натпреварот против Холандија во Ротердам“, напишаа од шпанската репрезентација. Селекторот Луис де ла Фуенте го повика дефанзивецот на Лацио Марио Хила како…

Read More

Управата на македонскиот прволигаш Пелистер денес ја информира јавноста дека сите средства собрани од продажба на билети за натпреварот против Вардар во ПМФЛ ќе бидат донирани на семејствата на загинатите и повредените во страшната трагедија во Кочани. Пелистер ќе го пречека Вардар во рамките на 25. коло, а цената на билетите ќе изнесува 200 денари. Битолчани ги повикуваат сите симпатизери и љубители на фудбалот да се приклучат на оваа хуманитарна акција и да дојдат во што поголем број да го проследат мечот на вечните ривали. Натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар е закажан за 29 март (сабота), со почеток во 15:00 часот.

Read More

Репрезентацијата на Македонија до 21 година е поразена од соодветната селекција на Белорусија (3:1) на тест натпреварот одигран во Анталија. На овој натпревар свое селекторско деби имаше Горан Станиќ кој не успеа со позитивен резултат да го заврши своето деби. Селекцијата на Македонија до 21 година со измената генерација претрпе пораз на првиот пријателски натпревар во Турција. На овој натпревар македонија настапи во состав:Љ. Џеков, Марковски, Хамидовиќ, Ѓ. Џеков, Велков, Трајков, Ангелов, Зенделовски, Манојлов, Ѓорѓиевски, Величковски. Противникот дојде до предност од 3:0 со погодоците на Дубинец, Французов и Цепенков до 69. минута. Единствениот погодок за Македонија го постигна Кире Стојанов во 82. минута, за ублажување на поразот…

Read More

Предводникот на теренот во нашата фудбалска репрезентација, капитенот Енис Барди на прес-конференцијата пред натпреварот кој Макеоднија го игра против Лихтенштај го кажа своето очекување од првиот натпревар во овие квалификации за СП. Капитенот Енис Барди верува во соиграчите и очекува уште еден зрел циклус на Македонија во овие квалификации. „Деновиве добро се спремивме и сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет. Свесни сме што ни значат овие квалификации. Во модерниот фудбал нема фаворити и мора тоа да си го врежеме во глава. Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода и до целта која си ја поставивме. …

Read More

Македонската фудбалска репрезентација го одработи официјалниот тренинг на „Рајн парк стадиум“, а пред него селекторот Благоја Милевски зборуваше со многубројните македонски новинари во Вадуц. Милевски го најави првиот натпревар од новиот ликлус квалификации за СП, кој често може да биде многу значаен како ќе ги започнеме овие квалификации. „Дојдовме тука и максимално се спремаме за натпреварот. Би било добро да почнеме со победа и да ја продолжиме серијата со позитивни резултати, но до бодови можеме само со нашето најдобро издание.  Ме радува што фудбалерите играат во своите клубови, имавме доста проблеми минатата година со неиграњето на репрезентативците во клубовите. Но,…

Read More

Лина Ѓорческа обезбеди место во полуфиналето на тенискиот турнир кој се реализира во Марибор во Словенија. Таа денеска по голема борба успеја да ја совлада Грузијката, Мариам Болквадзе, со 2-0 по сетови 7:6 и 6:3. Македонката за место во големото финале ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Каја Јуван од Словенија и втората носителка, Антонија Ружиќ од Хрватска.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација утре на гостувањето кај Лихтенштајн и веднаш потоа на домашен терен со Велс, ќе користи комплет на црни дресови во чест на загинатите во големата трагедија во Кочани. На загревањето на стадионот – „Рајнпарк“ репрезентативците ќе излезат со специјални маички посветени на жртвите во Кочани. Дуелот меѓу Лихтенштајн и Македонија ќе се одигра утре со почеток во 15 часот додека мечот во Скопје против велашните е закажан за во вторник од 20.45 на Арената „Тодор Проески“.

Read More

Сопственикот и менаџерскиот тим на АД ФК Вардар Скопје подмири нов дел од долговите кон побарувачите. На последниот список се ставени: 1. Матеј Цветановски = 5.854.019,00 (95.187€)2. Панче Георгиевски = 3.247.849,00 (52.810€)3. Мирко Спасевски = 2.363.633,00 (38.433€)4. Паркленд Груп = 690.379,00 (11.225€)5. Саша Илиќ = 622.087,00 (10.115€)6. Фан Зона Локомотива = 942.453,00 (15.324€)7. Ахема Д.О.О. = 221.745,00 (3.605€)8. Телеком = 146.777,00 (2.386€) Претходно беа подмирени стари долгови во висина од 310.000 и 250.000 евра.

Read More

Пред втората сезонска трка во Формула 1 која ќе биде возена во текот на викендот за Големата награда на Кина, изутрината беше реализирана спринтерска квалификациска рунда.Истата го одреди стартниот редослед за саботната мини-трка а во топ 10 на патеката во Шангај влегоа: 1. Луис Хамилтон (Ферари) – 1.30.8492. Макс Верстапен (Ред Бул) +0,0183. Оскар Пјастри (Мекларен) +0,0804. Шарл Леклер (Ферари) +0,2085. Џорџ Расел (Мерцедес) +0,3206. Ландо Норис (Мекларен) +0,5447. Андреа Кими Антонели (Мерцедес) +0,8898. Јуки Цунода (Рејсинг Булс) +0,9249. Алекс Албон (Вилијамс) +1.00310. Ленс Строл (Астон Мартин) +1,133

Read More
NBA

Kошаркарот на Сакраменто, Демар Дерозан, кој постигнаа 22 коша на мечот со Чикаго, стана 27-миот играч во историјата на НБА кој успеал да ја надмине границата од 25.000 поени. Дерозан за 36 минути на паркетот покрај 22 коша, имаше и 5 асистенции и 3 скока. Тој ја достигна историската граница во финишот на третиот период. Дерозан е шестиот активен играч кој постигнал 25.000 поени покрај Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Џејмс Харден, Расел Вестбрук и Стеф Кари.

Read More