Пред втората сезонска трка во Формула 1 која ќе биде возена во текот на викендот за Големата награда на Кина, изутрината беше реализирана спринтерска квалификациска рунда.
Истата го одреди стартниот редослед за саботната мини-трка а во топ 10 на патеката во Шангај влегоа:
1. Луис Хамилтон (Ферари) – 1.30.849
2. Макс Верстапен (Ред Бул) +0,018
3. Оскар Пјастри (Мекларен) +0,080
4. Шарл Леклер (Ферари) +0,208
5. Џорџ Расел (Мерцедес) +0,320
6. Ландо Норис (Мекларен) +0,544
7. Андреа Кими Антонели (Мерцедес) +0,889
8. Јуки Цунода (Рејсинг Булс) +0,924
9. Алекс Албон (Вилијамс) +1.003
10. Ленс Строл (Астон Мартин) +1,133

