Author: riste

Кирсти Ковентри е избрана за нова претседателка на Меѓународниот олимписки комитет. Таа има 41 година и е поранешна двократна олимписка шампионка во пливање од Зимбабве и член на Извршниот одбор на ИОК. Таа ќе биде десеттиот претседател во историјата на организацијата и првата жена на оваа позиција. Ковентри официјално ќе ја преземе својата функција на 23 јуни 2025 година, кога му завршува мандатот на Томас Бах и ќе го води ИОК осум години.

Read More

Иднината на ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, останува нејасна. Германскиот интернационалец има нова понуда за договор од „фармацевтите“, но е многу посакуван и од Баерн Минхен. Баварците се подготвени да го соборат својот рекорд за дојдовен трансфер, кој моментално му припаѓа на Хари Кејн, за да го земат офанзивниот играч за врска. Манчестер Сити и Реал Мадрид исто така се заинтересирани за Вирц. Германското издание „Билд“ тврди дека 21-годишниот фудбалер ќе донесе конечна одлука за својата иднина во април. Во моментов повеќе е склон да остане во Леверкузен уште една сезона. Неговото семејство исто така смета дека за него…

Read More

Повредата на Пауло Дибала сепак е посериозна отколку што се претпоставуваше и за Аргентинецот сезоната е завршена. Дибала се повреди во натпреварот против Каљари кога влезе во игра во второто полувреме, но по само неколку монути мораше да биде заменет. Првичните најави беа дека Дибала ќе паузира од 4-6 недели, меѓутоа повредата била посериозна и тој ќе мора да оди на операција. Аргентинскиот фудбалер се здобил со сериозно мускулно оштетување и од клубот одлучиле дека е најдобро да оди на операција со цел да се реши проблемот. Пауло Дибала го продолжи договорот со Рома изминатиот јануари, а новиот е со…

Read More

Најдобриот белгиски стрелец на сите времиња, Ромелу Лукаку, изјави дека размислувал да се откаже од националниот тим по минатогодишното разочарувачко Европско првенство, но се предомислил бидејќи бил импресиониран од визијата на новиот стручен штаб и тоа го навело да продолжи да го носи националниот дрес. Лукаку (31) исто така беше именуван за заменик капитен на тимот покрај Кевин Де Бруин од новиот селектор Руди Гарсија и ќе ја носи лентата на мечот кога Белгија ќе се соочи со Украина во првиот натпревар од плеј-офот на Лигата на нации во Мурсија, Шпанија. „Ќе бидам искрен, по поразот од Франција бев многу…

Read More

Легендарниот поранешен сопственик на Ф1 тим и телевизиски коментатор Еди Џордан, почина во утринските часови денес во Кејптаун, на 76-годишна возраст. Еди Џордан изминатата година се бореше со агресивен рак на простатата. „Со неизмерна тага објавуваме дека нас нѐ напушти Еди Џордан, поранешен сопственик на Ф1 тим, телевизиски аналитичар и претприемач. Тој мирно замина, опкружен со своите најблиски“, објави неговото семејство. Тимот на Џордан, дебитираше во Формула 1 во 1991 година и за време на 15 сезони оствари четири победи на трки. По неговото повлекување од тимот, Џордан стана познат телевизиски коментатор. Многу успешни возачи ја започнаа својата кариера токму…

Read More

Селекторот на холандската репрезентација Роналд Куман зборуваше за претстојниот четвртфинален натпревар од Лигата на нации на УЕФА со репрезентацијата на Шпанија. Средбата ќе се одигра вечерва со почеток во 20:45 часот. „Шпанците играат брилијантно со топката, имаат одлични играчи од средниот ред. Тимот е способен да игра многу брзо со Ламин Јамал ​​и Нико Вилијамс по крилните позиции. Понекогаш треба да го „паркирате автобусот“ за да ги запрете Шпанците, иако не сакате да го направите тоа. Сакаме да играме со топката на нивната половина и да вршиме притисок напред“, изјави Куман на официјалната веб-страница на УЕФА. Актуелен победник на Лигата на нации…

Read More

Денес во Коста Наварино, Грција ќе се одржат избори за претседател на Меѓународниот олимписки комитет ( ИОК ). Во попладневните часови треба да започне изборот за нов предводник на МОК (ИОК), а 7 кандидати ќе се борат за ова моесто. Новиот прв човек на МОК се избира со мандат од 8 години. Седум луѓе се борат за функцијата: Себастијан Коу (Велика Британија, шеф на светската атлетика, двократен олимписки шампион во трчање)Хуан Антонио Самаранч Јуниор (Шпанија, потпретседател на МОК)Дејвид Лапартиент (Франција, шеф на Меѓународната велосипедска унија)Фајсал ибн Хусеин (Јордан, член на Извршниот одбор на МОК, принцот од Јордан)Кирсти Ковентри (Зимбабве, член…

Read More

Спортинг Лисабон на својата официјална страница на социјалните мрежи објави дека продава двајца млади фудбалери на лондонски Челзи за вкупно околу 74 милиони евра. „Сините“ го комплетираа трансферот на 17-годишниот португалски крилен играч Џовани Кенда , како и на 20-годишниот дефанзивен играч за врска Дариу Есуга , кој моментално е на позајмица во шпанскиот Лас Палмас. Забележано е дека Есугу за сума од 22,27 милиони евра, ќе му се приклучи на Челзи во летото 2025 година, додека Кенда ќе остане во Спортинг една година и ќе биде најавен како играч на Челзи во летото 2026 година за 52,14 милиони евра. Сезонава дефанзивниот играч за…

Read More

Манчестер Јунајтед презеде конкретни чекори за да ја ангажира ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз, тврди „Фудбал Италија“. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да ги платат 80-те милиони евра што ги бара торинскиот клуб за офанзивниот играч за врска. „Старата дама“ го сака Јилдиз, но во исто време Италијанците се спремни да се разделат со него доколку некој клуб ги плати определените 80 милиони. евра. Турскиот репрезентативец оваа сезона за „бјанконерите“ на 41 натпревар постигна 6 гола и направи 4 асистенции. Јувентус го ангажираше Јилдиз со слободен трансфер од академијата на Баерн Минхен во летото 2022 година. За офанзивниот играч е заинтересирана…

Read More

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, соопшти Аргентинската фудбалска федерација. Најдобриот стрелец на Интер остана на клупата за резерви на реваншот од минатонеделната победа од осминафиналето на Лигата на шампионите над Феенорд со непријатност во мускулите. 27-годишниот фудбалер се врати во игра и постигна гол во победата на Интер од 2:0 во Серија А над Аталанта во неделата, пред да се приклучи на тимот на Лионел Скалони, но беше ослободен од таборот на Аргентинците поради повреда на левата тетива. Мартинез се приклучува на големата листа на…

Read More