Author: riste

Конор Мек Грегор сака да се кандидира за претседател на Ирска.Toj во изјавата го критикуваше миграцискиот пакт на ЕУ кој неговата земја мора да го ратификува до летото во 2026 година. „Кој друг освен мене ќе застане против владата? Ниту еден друг кандидат нема да може да застане против нив. Но, јас можам да го направам тоа! Како претседател би го ставил овој предлог-закон на референдум. Гласајте за Мек Грегор – вашиот глас ќе се слушне“, напиша поранешниот двоен шампион на УФЦ на социјалните мрежи. Претседателските избори се закажани кон крајот на годинава на 11 ноември.

Read More

Фудбалерите на Португалија вчера загубија на гостувањето кај Данска со минимални 1-0 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Нации. Реваншот меѓу двете земји ќе биде одигран на 23 март на Пиринеите а првата ѕвезда на „европските бразилци“, Кристијано Роналдо, ги искористи социјалните мрежи да им се обрати на навивачите. „Имаме 90 минути да ја промениме ситуацијата. Да дадеме се од себе Португалија! – напиша напаѓачот во објавата. 

Read More

Астон Мартин на викендот за Големата награда на Кина во Формула 1, се појави со посебни налепници на болидите на Фернандо Алонсо и Ленс Строл со кои му оддава почит на покојниот, Еди Џордан. Астон Мартин е директен наследник на тимот на Џордан Гран При, кој беше основан од популарниот Ирец во 1991 година. Џордан се прослави во периодот од 1991 до 2005 година кога неговиот тим имаше 250 трки и четири победи.

Read More

Репрезентација на Германија доцна синоќа со целосен пресврт успеа да ја совлада на гостински терен Италија со 2:1 во првиот меч од баражите во фудбалската Лига на Нации. Играчот на „панцирите“, Џамал Мусиала, потенцира дека пристапот во вториот дел бил решавачки за триумфот. „Не беше лесно да се вратиме во игра и да победиме но, игравме на различен начин во вториот дел. Направивме неколку тактички промени во нападот“- рече ​​Мусиала. „Сепак ништо не е решено. Ќе мора да бидеме крајно внимателни на реваншот. Италија ќе сака да се одмазди за поразот“ – рече репрезентативецот на Германија.

Read More
NBA

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз од Милвоки на домашен терен со 118-89 со што си ја искомпликуваа трката за второто место на табелата во Западната Конференција во НБА лигата. „Езерџиите“ без првите ѕвезди, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, и уште неколку други стандардни од првата постава не можеа да му пружат посилен отпор на противникот.Во отсуство на главните играчи на Лејкерс, поголема шанса доби Брони, синот на Леброн Џејмс. Тој успеа да оствари личен рекорд од 17 поени. Еве ги резултатите и од другите средби одиграни во текот на ноќта.Шарлот – Њујорк 115-98Индијана – Бруклин 105-99Голден Стејт -…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва пристигна во Швајцарија. Избраниците на селекторот, Благоја Милевски, потоа со автобус ќе го продолжат патот кон Вадуц во Лихтенштајн.Таму в сабота од 15.00 часот против домаќинот ќе го одиграме првиот натпревар од квалификациската група за пласман на СП 2026

Read More

Светската куќа на фудбалот – ФИФА, им забрани на три македонски екипи да прават трансфери. Покрај Шкупи и Воска, кои и претходно се соочија со таква санкција, сега на листата е додаден и женскиот фудбалски клуб, Љуботен. Одлуката на ФИФА се однесува на наредните три преодни рока. Истата е изречена поради долгови кон странски играчи.

Read More

Репрезентацијата на Македонија до 16 години во Анталија, Турција ќе одигра два контролни натпревари против соодветните селекции на Русија и Таџикистан.Првата контролна средба ја играме против Русија, на 23. март, со почеток во 13:30 часот.Вториот меч го играме против Таџикистан, со почеток во 9. часот, на 25. март. Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Драган Начевски, за двете контролни натпревари се одлучи да ги повика следните фудбалери: ГОЛМАНИ:Лука Грчевски Црвена Звезда, СрбијаРинор Цека ШкендијаИван Стоилковски Работнички ОДБРАНА:Стефан Јордановски А.П. БрераМелдин Аломеровиќ Слован, СловенијаДавид Лиотоски РаботничкиДавор Јорданов Њу СтарсАријан Рамадани ШкендијаМихаил Митревски Македонија Ѓ.П.Грегоријан Михајловски Сервет, ШвајцаријаБожидар Гогачевски …

Read More

Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, успеа да направи изненадување и да ја совлада Џесика Покет од Франција со 2:1 по сетови 6-4, 2-6 и 7-6 и да влезе во четвртфиналето на силниот турнир во Марибор. Македонката која го има 294 место на ВТА листата, успеја да ја совлада четврта носителка која котира на 153-то место на листата на најдобрите светски тенисерки. Ѓорческа утре ќе игра против Грузијката, Мариам Болквадѕе, која и е партнерка во игра на двојки на собирот во Словенија.

Read More

Нашата женска ракометна репрезентација ќе биде во групата 3 во квалификациите за Европското првенство во 2026 година заедно со Германија, Словенија и Белгија. Еве го изгледот на другите групи: Група 1:Франција, Хрватска, Косово, Финска Група 2:Холандија, Швајцарија, Италија, БИХ Група 4:Црна Гора, Исланд, Португалија, Фарски Острови Група 5:Шведска, Србија, Украина, Литванија Група 6:Шпанија, Австрија, Грција, Израел Место на ЕП 2026 имаат Норвешка, Данска и Унгарија кои беа на првите три позиции на претходниот шампионат заедно со петте селекции кои ќе бидат ко-домаќини. Учество на континеталниот собир ќе обезбедат и првите две репрезентации од секоја од шесте квалификациски групи заедно четирите…

Read More