Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз од Милвоки на домашен терен со 118-89 со што си ја искомпликуваа трката за второто место на табелата во Западната Конференција во НБА лигата.
„Езерџиите“ без првите ѕвезди, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, и уште неколку други стандардни од првата постава не можеа да му пружат посилен отпор на противникот.Во отсуство на главните играчи на Лејкерс, поголема шанса доби Брони, синот на Леброн Џејмс. Тој успеа да оствари личен рекорд од 17 поени.
Еве ги резултатите и од другите средби одиграни во текот на ноќта.
Шарлот – Њујорк 115-98
Индијана – Бруклин 105-99
Голден Стејт – Торонто 117-114
Сакраменто – Чикаго 116-128

