Ноќеска беа одиграни голем број на натпревари во НБА лигата, а еден од нај интересните дуелу беше на ЛА Лејкерс и Денвер кој заврши со победа на домашната екипа со 120:108. Кај Лејкерс поради повреда го немаше Леброн Џејмс, додека гостите беа без двете најголеми ѕвезди, Никола Јокиќ и Џемал Мари. Затоа на теренот доминираше Лука Дончиќ, кој направи разлика и беше вистински предводник на ЛА Лејкерс до победата. Дончиќ постигна 31 поени, а имаше и девет скока и седум асистенции. Ова беше јубилеен 200-ти натпревар на кој Дончиќ постигнува 30+ поени. Во претходните седум и пол сезони во дресот…
Author: riste
Кошаркарската федерација на Македонија поради деновите на жалост по големата трагедија во Кочани, одлучи мечевите од 21 коло кај мажите што требаше да се одиграат во викендот пред нас да ги префрли за наредниот на 29/30 март. Од понеделник до наредната среда ќе бидат одиграни само средбите меѓу Работнички и Куманово и Вардар- Тиквеш. Тие беа одложени токму во денот кога се случи катастрофалниот пожар во кој животот го загубија 59 лица а повеќе од 150 беа повредени. Промени во распоредот за натпревари ќе бидат направени и во сите други конкуренции под капата на КФМ.
Ракометната федерација на Македонија поради седумдневната жалост по големата трагедија во Кочани, одреди нови термини за дел од одложените кола во различни конкуренции Последниот круг од регуларниот дел кај ракометарите што требаше да се одигра на 22/23 март е префрлен за 25/26. Тоа значи дека по мечевите во вторник и среда, ќе се потврдат екипите кои ќе разигруваат за титулата во плеј-офот и составите кои ќе се борат за опстанок. За одложените натпревари од 18 коло од Првата лига и од 19 и 20 коло од Женската лига, допрва ќе се определат нови термини.
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, после првиот тренинг се соочи со непланирани проблеми поради повреди на двајца фудбалери. Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс. Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт. Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим“ – стои во објавата на ФФМ.
Македонскиот репрезентативец и ракометар на Алкалоид, Марко Митев, ја заврши сезоната поради тешка повреда добиена на саботниот квалификациски меч против Словенија одигран во Копер. 22-годишниот среден бек кој со блескавите партии на последното СП во Хрватска го привлече вниманието на европските великани пред се од Германија, има потешка повреда на предните вкрстени лигаменти од коленото. Митев нема да може да му помогне на Алкалоид во завршницата на сезоната во домашни и во меѓународни рамки а ќе ги пропушти и решавачките мечеви на нашата репрезентација против Естонија и Ливанија за место на Европското првенство во 2026 година.
Големата трагедија во дискотеката во Кочани во која настрадаа 59 лица а преку 140 беа повредени, не ги остави рамнодушни спортските колективи низ светот во кои партиципираат нашите иселеници. Меѓу последните што се огласи на социјалните мрежи е Македонскиот фудбалски клуб од Австралија, Рокдејл Илинден, кој објави ќе апелира до целата јавност да донира за поддршка на семејствата на настраданите во Кочани. Рокдејл Илинден на постот на фејсбук нагласува, дека сите собрани парични средства ќе бидат донирани за најтешко погодените во несреќата и нивните семејства.
Генералниот директор на фудбалскиот состав, Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, потврди дека неговиот тим ќе одигра хуманитарен натпревар против Вардар во Скопје а приходот од истиот ќе биде за помош за семејствата на погодените од трагедијата во Кочани во која во пожар во ноќен клуб животот го загубија најмалку 59 лица. „Сите во Црвена Звезда се длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите играчки легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош стапивме во контакт со управата на Вардар и се договоривме да одиграме хуманитарен натпревар. Ова е најмалку што…
Бугарија е една од земјите која и помага во овој тежок период за Македонија по трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 лица а многмуна се повредени. Источниот сосед понуди помош и дел од нашите граѓани се во Бугарија каде добиваат соодветна нега за повредените и изгорениците на телото. Во исто време се огласи и фондацијата „Национали ‘94“ основана од Христо Стоичков, Борислав Михајлов и Красимир Балаков кои изразија сочувство до настраданите, молитви за повредените, а и најавија финансиска помош и донација за погодените семејства. -За трагедијата нема датум и час, по неа остануваат само солзи и неизлечива…
Италијанскиот новинар, Андреа Калцони, објави на социјалните мрежи дека нашиот кошаркар Ненад Димитријевиќ, веројатно на крајот на сезоната ќе си замине од екипата на Милано. Македонскиот репрезентативец ја нема посакуваната митужа на теренот и затао може да замине во нова средина. Калцони во текстот наведува дека двете страни ќе разговараат за да го раскинат договорот кој е валиден до 2026 година. Димитријевиќ има играно за рускиот Уникс Казан и шпанските состави Валенсија и Хувентуд.
Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, покажува се поквалитетна игра и постепено ја достигнува својата врвна форма. Француската ѕвезда помина низ период на адаптација по трансферот на „Сантијаго Бернабеу“ изминатото лето, но со текот на времето ја врати познатата ефикасност, со која блесна во Пари Сен Жермен. Досега има 31 гол во сите натпреварувања, од кои 20 се во Ла Лига, со што е на четвртото место меѓу најдобрите стрелци во дебитантска сезона за мадридскиот гигант. Со овој адут, Мбапе веќе ја остави зад себе легендата Роналдо Назарио, кој постигна 30 гола во својата прва сезона во Реал Мадрид.…
