Author: riste

Американската компанија Амазон е меѓу првите кои покажаа многу сериозен интерес за претставениот проект за нов стадион на Манчестер Јунајтед. Американците веќе размислуваат да дадат понуда вредна 750 милиони фунти за десетгодишен договор со кој името на компанијата ќе стане дел од идното име на стадионот. Амазон сè уште ја проучува состојбата на пазарот и преку трети страни сака да ја дознае подготвеноста на раководството на „црвените ѓаволи“ и нивните ставови за таквиот предлог и финансиските барања. Минатата недела новите косопственици на Манчестер Јунајтед, британскиот хемиски гигант Инеос, пред медиумите и навивачите го претставија проектот за новиот стадион на клубот…

Read More

34-годишниот полски голман на Барселона Војчех Шчесни проговори за разликата помеѓу каталонскиот клуб и торински Јувентус. „Не можам да се жалам на судбината. Треба да бидам многу благодарен за начинот на кој таа се однесуваше со мене. Да се ​​игра за Барселона е многу интересно бидејќи е многу убава играта, сосема поинаква од она што го доживеав досега. Не сакам да правам споредби во животот, но можам да кажам дека во Јувентус се се врти околу резултатот. Резултатот е најважен. Овде во Барса има огромна радост во фудбалот што се игра и тој е заразен. Неверојатно е да се видат милиони…

Read More

Напаѓачот Кевин Гамеиро објави крај на професионалната кариера на 37 години. „Секој момент поминат на теренот ќе остане врежан во моето сеќавање, но најмногу во моето срце. Но, дојде време да го завршам ова прекрасно поглавје од мојот живот со гордост и голема носталгија. Страницата ќе се сврти, но љубовта кон фудбалот ќе остане засекогаш“, напиша фудбалерот на социјалната мрежа. Последниот клуб на Гамеиро беше Стразбур, кој го напушти летото 2024 година. Французинот има настапувано и за Лориент, ПСЖ, Севиља, Атлетико и Валенсија. Тој е четирикратен победник на Лига Европа, француски шампион и победник на шпанскиот куп. Во француската репрезентација…

Read More

Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала поради повреда ќе биде надвор од терените околу еден месец. Аргентинскиот интернационалец заработи повреда на бутот на натпреварот против Каљари (1:0) викендов, а лекарските прегледи потврдија дека се работи за истегнување кое ќе бара долго закрепнување, објави „Скај Италија“. Дибала одигра само 13 минути на натпреварот против Каљари. Тој влезе во игра во 64. минута на местото на Матијас Суле, но беше принуден да биде заменет со Николо Пицили во 75. минута поради повреда. Првично, постоеше загриженост дека проблемот е поврзан со коленото, што му предизвикуваше тешкотии во последните недели. Подоцна, сепак, стана јасно дека…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера се собра во Скопје, а според планот синоќа го одржа и првиот тренинг. Македонските репрезентативци предводени од селекторот Благоја Милевски го имаа првиот предизвик пред нив, а тоа е гостувањето во Вадуц кај Лихтенштајн, меч кој го играат во сабота. Нашите репрезентативци синоќа го одржаа првиот тренинг, кој веројатно е најтажниот тренинг во поновата македонска историја. Фудбалската федерација на Македонија на социјалните мрежи објави фотографија од пред стартот на тренингот, со порака: Обединети во тагата!Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите.Нивниот светол дух ќе живее во нас.Нека почиваат во мир !Македонска…

Read More

Тибо Куртоа се врати во репрезентацијата на Белгија откако пред 22 месеци одби да игра за „црвените ѓаволи“. Неговата одлука тогаш беше пред се поради конфликтот со поранешниот селектор Доменико Тедеско, а основата беше капитенската лента која му припадна на Ромелу Лукаку. Враќањето на Куртоа доведе до откажување на Кјоен Кастелс, кој беше стартен голман во негово отсуство во последните две години. Сега Марк Вилмотс, кој ја водеше Белгија од 2012-2016 година, не го криеше незадоволството од враќањето на Куртоа и го опсипуваше со критики. „Не би го повикал, би ги пропуштил и тие два натпревари. Прво ќе видам и…

Read More

Прес-службата на Интер Мајами излезе со информација за повредата на 37-годишниот аргентински напаѓач Лионел Меси, која ја доби на неодамнешниот натпревар со Атланта Јунајтед во МЛС лигата. Средбата заврши со победа на тимот од Мајами, Меси постигна гол. „Меси беше подложен на магнетна резонанца за да се процени состојбата на аддукторниот мускул. Тој доживеа непријатност за време на натпреварот против Атланта. Резултатите од прегледот потврдија присуство на полесна повреда на аддукторниот мускул. Сеуште не знаеме дали ќе може да учествува на претстојните натпревари“, напишаа од прес-службата на клубот. Да потсетиме, Меси поради повреда не се најде во ростерот на репрезентацијата на Аргентина…

Read More
NBA

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја прекинааа лошата серија и откако имаа четири порази по ред, сега тимот е во мини серија од две победи. Ноќеска ЛА Лејкерс жгГо победи Сан Антонио со 125:109. Тимот од Лос Анџелес уште по првата четвртина имаше предност од 32:22, а таа предност ја зголемуваа во текот на целиот натпревар, за да во еден период од третата четвртина имаат предност од 28 поени разлика. Лука Дончиќ овојпат не беше прв стрелец кај Лејкерс. Словенецот беше засенет од Остин Рејвс кој постигна 30 поени, а имаше и седум скокови и шест асистенции. Дончиќ заврши со…

Read More

Се очекува кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс да пропушти уште една недела од регуларниот дел од сезоната. Ѕвездата на ЛА Лејкерси продолжува да се опоравува од истегнување на препоните што го имаше на 9 март на натпреварот против Бостон, пренесуваат медиумите во САД. Првично беше објавено дека Леброн Џејмс ќе отсуствува од терените 1 до 2 недели. Во својата 22-ра сезона во НБА , 40-годишниот Џејмс има просек од 25,0 поени со 51,7 проценти шут, 8,5 асистенции и 8,2 скока по натпревар.

Read More

По редовното Изборно собрание на кое едногласно беше изгласан Масар Омегариќ за четиригодишен мандат како претседател, се одржа и седница на Управниот одбор. На неа беа утврдени и потврдени предлозите за новите членови. Четиринаесет претставници од различни општински сојузи добија доверба и мандат во Управниот одбор на новото раководство на ФФМ. Новите членови на Управниот одбор на ФФМ:Златко Талевски (ОФС Битола)Свето Станковски (ОФС Гази Баба)Берат Исмаили (ОФС Гостивар)Сашко Тасев (ОФС Кавадарци)Игор Франговски (ОФС Кисела Вода)Станко Манчевски (ОФС Кочани)Добре Иванов (ОФС Кратово)Борче Лазаревски (ОФС Куманово)Абдула Сакипи (ОФС Липково)Марјанчо Стојковски (ОФС Прилеп)Горан Гаврилов (ОФС Пробиштип)Ѓорѓи Угриновски (ОФС Ресен)Џеват Дибрани (ОФС Струга)Димитар Џонов…

Read More