Барселона ги продолжува преговорите за продолжување на договорот со 17-годишниот крилен напаѓач Ламин Јамал. Двете страни ќе треба да разговараат за структурата на платата на фудбалерот за следните сезони. Ова го пренесува „АС“. Според изворот, од Барселона сакаат да му понудат договор на Јамал, според кој неговата плата ќе се зголемува од сезона во сезона. Барселона е свесна дека 17-годишниот напаѓач е едно од главните лица на клубот, што го прави својот бренд попрофитабилен. Во исто време, шпанскиот гигант не сака да го нарушат балансот на платите во клубот, а исто така не сакаат да дозволат повторување на ситуацијата со поранешниот…
Author: riste
Бразилската суперѕвезда Нејмар е изоставен од националниот тим за претстојните квалификации за Светското првенство против Аргентина и Колумбија. Напаѓачот беше повикан од тренерот Доривал Јуниор, но нема да биде дел од селекцијата на Бразил за да може да се опорави од повредата. „Имавме долги разговори. Сите знаат колку сакав да се вратам во репрезентацијата, но дојдовме до консензус дека не треба да ризикуваме, туку да се подготвам уште подобро за целосно да се ослободам од повредите. Ова е дел од процесот. Им благодарам на сите што ми испратија пораки за поддршка“, напиша Нејмар на социјалните мрежи. Наместо тоа, во репрезентацијата…
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, во петокот продолжи со тренинзите со трчање. Тој направи неколку обиколки на еден од полигоните на Баварците. Закрепнувањето на голманот се одвива според планот и се очекува тој да биде подготвен за настап по паузата за репрезентативните натпревари, кога Баварците ќе се соочат со Сент Паули, пишува „Билд“. Нојер се повреди на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен. Тој доживеа истегнување на мускулот додека го прославуваше голот на Џамал Мусиала против „фамацевтите“. Се очекува голманот да биде на располагање за четвртфиналните натпревари со Интер во Лигата на шампионите, како и…
Масар Омерагиќ беше единствен кандидат и едногласно и со акламација беше избран од највисокото тело на ФФМ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Во продолжение, говорот на првиот човек на македонскиот фудбал откако ја доби довербата од делегатите на Изборното Собрание на ФФМ. Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ: „Не сме овде само да зборуваме за проблемите од минатото – туку да погледнеме напред, кон новата визија и стратегија за македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија има обврска да постави јасен правец, да создаде систем кој ќе гарантира долгорочен развој и да ја врати довербата кај сите што се дел…
Барселона го обнови договорот со дефанзивецот Иниго Мартинез на уште една сезона. Актуелниот договор на 33-годишниот фудбалер требаше да истече на крајот на сезоната, но Каталонците ја искористија опцијата да го обноват на уште 12 месеци. Иниго Мартинез се наметна како еден од најстабилните дефанзивци во тимот на Ханси Флик. Двете страни постигнаа договор пред неколку месеци, но дури сега Каталонците добија зелено светло од Ла Лига. Дефанзивецот се приклучи на Барселона во летото 2023 година со слободен трансфер од Атлетик Билбао. Оваа сезона баскискиот дефанзивец забележа 33 настапи во сите натпреварувања и постигна три гола.
Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак ја коментираше елиминацијата на тимот од Реал Мадрид во 1/8-финалето на Лигата на шампионите (по изведувањето пенали) по одлуката да се поништи гол од 11 метри на напаѓачот Хулијан Алварез. „Немавме среќа. Мислам на Алварез. Тој постигна гол, но топката удри во другата нога. Тешко е да се каже нешто. Немавме среќа – тоа е најдоброто објаснување. Јулијан не кажа ништо, но ја видов реакцијата на судијата, па се надевам дека навистина се случи, инаку е катастрофа, но јас им верувам“, изјави Облак. Да потсетиме дека Алварез се лизна при удар од 11 метри. Топката заврши во…
На 14-ти март 2025 година, Гранд Казино Адмирал ќе го прослави својот прв роденден со незаборавна забава која ќе ги остави без здив сите посетители. Овој голем настан ќе биде исполнет со големи добивки, лотарии и многу изненадувања. Секој гостин ќе има шанса да освои неверојатни награди и да ужива во атмосферата на најдоброто казино во градот. Како што доликува на еден ваков настан, музичката програма ќе биде на највисоко ниво. Главен артист на вечерта ќе биде познатата и талентирана Викторија Лоба, која ќе ги разгали сите присутни со својот спектакуларен настап. За забавата да биде уште поинтересна ќе продолжиме…
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот беше воодушевен од фудбалот што го прикажаa неговиот тим и Пари Сен Жермен во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Парижаните по изведувањето на пенали го елиминираа противникот откако мечот од „Енфилд“ во регуларното време заврши 1:0 во корист на гостите. „Ова беше најдобриот фудбалски натпревар на кој сум бил. Ја немам историјата на Ливерпул како менаџер, но тоа беа два тима на неверојатно ниво, со неверојатен интензитет. Првите дваесет и пет минути…да, се сеќавам на првите 25 минути против Сити дома и првите дваесет минути против Реал Мадрид, но она што го прикажавме…
Предводникот на ПСЖ, Луис Енрике беше презадоволен од пласманот на неговата екипа во четвртфиналето на Лигата на шампионите и елиминацијата на Ливерпул. „Покажавме дека сакаме да играме фудбал. Играме фудбал, без разлика на кој стадион се наоѓаме. Многу е убаво да се гледа овој тим“, изјави Енрике. „Многу сум среќен бидејќи покажавме дека сме вистински тим. Тоа го кажувавме долго време, но сега одигравме многу добар натпревар и горди сме“, додаде Енрике. „Нашиот менталитет е ваков – секогаш да се трудиме да бидеме најдобри. Беше многу тежок натпревар бидејќи Ливерпул е многу добар тим кој те притиска. Беше тешко да…
Македонија до 21 година ќе се соочи со Белорусија и Азербејџан во турска Анталија. Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 17. до 26. март патува во Анталија, Турција на подготовки со новиот селектор Горан Станиќ. Во турското летувалиште, избраниците на кои ќе смета новиот предвводник на селекцијата ќе одиграат два контролни натпревари, првиот со Белорусија, а потоа против Азербејџан. Со Белорусија ќе се соочиме на 21. март со почеток од 14:00 часот, а четири дена подоцна, на 25. март ќе играме против Азербејџан во 18:00 часот. Селекторот Горан Станиќ за подготовките и контролните натпревари во Турција се одлучи…
