Ноќеска беа одиграни голем број на натпревари во НБА лигата, а еден од нај интересните дуелу беше на ЛА Лејкерс и Денвер кој заврши со победа на домашната екипа со 120:108.
Кај Лејкерс поради повреда го немаше Леброн Џејмс, додека гостите беа без двете најголеми ѕвезди, Никола Јокиќ и Џемал Мари. Затоа на теренот доминираше Лука Дончиќ, кој направи разлика и беше вистински предводник на ЛА Лејкерс до победата. Дончиќ постигна 31 поени, а имаше и девет скока и седум асистенции.
Ова беше јубилеен 200-ти натпревар на кој Дончиќ постигнува 30+ поени. Во претходните седум и пол сезони во дресот на Далас тоа му успеа на 192 натпревари, а сега како играч на ЛА Лејкерс во 16 средби, успеа осум пати да ја достигне границата од 30 поени.
Резултати:
Индијана – Далас 135:131
Орландо – Хјустон 108:116
Мајами – Детроит 113:116
Минесота – Њу Орлеанс 115:119
Оклахома – Филаделфија 133:100
Сан Антонио – Њујорк 120:105
Јута – Вашингтон 128:112
Феникс – Чикаго 127:121
Портланд – Мемфис 115:99
Сакраменто – Кливленд 123:119
ЛА Лејкерс – Денвер 120:108

