Author: riste

Француската ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман можеби е при крај на кариерата во тимот на „јорганџиите“. Според „Кадена Сер“, постои голема веројатност напаѓачот да го напушти тимот и да замине во МЛС лигата следното лето. Гризман, кој вчера наполни 34 години, има договор со Атлетико до 2026 година. Сепак, од клубот веруваат дека тој ќе сака рано да замине за да ја исполни желбата да игра во САД. Кандидат за неговиот потпис е ФК Лос Анџелес. Ова е и причината поради која се повеќе се зборува дека на „Метрополитано“ размислува за понуда за Дарвин Нуњес. Идејата е Уругваецот да…

Read More

Нашата фудбалска репрезентација забележа очекувана победа на гостувањето во Вадуц, Лихтенштајн (3:0), а ова беше најтажниот натпревар кој воопшто го одиграла нашата репрезентација. Во тага и болка за загинатите во несреќата во дискотеката во Кочани, нашите репрезентативци собраа сили да го одиграат овој натпревар, да слават победа која како што најавија претходно ја посветија на 59-те млади наши сограѓани кои ги загубија во најголемата трагедија која се случи во Македонија.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација со очекувана победа ги почна мундијалските квалификации. Нашата селекција го совладаа Лихтенштајн во Вадуц со 0:3 (0:2) и со три бода ги отвори овие квалификации. Натпреварот го следеа 4.904 гледачи, а поголемиот дел од нив беа наши навивачи кои дојдоа во голем број да го следат натпреварот, а со тоа да им оддат почит на трагично загинатите во несреќата во Кочани. Македонија поведе на самиот старт на натпреварот , во 7.минуа кога Миовски се проби по левата страна , го помина голманот на Лихтенштај и упати центаршут кој го искористи Александар Трајкови и со глава ја смести топката во мрежата…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ги започна квалификациите за СП ,а веќе во вторник ќе го одигра и првиот домашен натпревар на националната арена „Тодор Проески“ против селекцијата на Велс. Од друга страна на раководството на Фудбалската Федерација на Македонија кое што е Лихтенштајн, на чело со претседателот Масар Омерагиќ стигна информација дека целиот приход од билетите продадени за претстојниот меч од второто коло кое што го играме на 25 март во вторник против Велс на домашен терен ќе биде пренасочен веднаш за настраданите во трагедијата во Кочани. „Сакам да ја информирам јавноста дека приходот од натпреварот против Велс целосно ќе биде…

Read More

Интерес за 25-годишниот напаѓач на Барселона Феран Торес покажуваат Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Астон Вила, објави „Ел Национал“. Според изворот, тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик би сакал да го задржи шпанскиот фудбалер во тимот, но раководството на клубот е подготвено да го пушти да си замине доколку добие понуда од 40 милиони евра. Оваа сезона 25-годишниот напаѓач настапи на 32 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 28 милиони евра.

Read More

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Џорџ Форман, почина на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Форман, беше еден од најдобрите боксери на сите времиња, со биланс од 76 победи и пет порази во текот на неговата славна кариера. Во објава на Инстаграм, семејството го опиша Форман како „хуманитарец, олимпиец и двократен светски шампион, нагласувајќи дека тој е длабоко почитуван, дисциплиниран, уверен во своите вредности и заштитник на своето наследство, неуморно борејќи се да го зачува своето добро име – сè за доброто на неговото семејство“. Форман го загуби првиот шампионски појас во 1974 година на мечот против Мухамед Али, но…

Read More

Голманот на Ливерпул, Алонсо Бекер, се огласи на социјалните мрежи за да ги смири навивачите на „црвените“ по повредата што ја заработи на квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Бразил и Колумбија. Голманот доби силен удар во главата и не можеше да го продолжи натпреварот, а потоа беше ослободен од репрезентативниот камп и вратен на лекување во Ливерпул. Првичните прогнози беа дека голманот има потрес на мозокот, но се чини дека неговата ситуација не е толку загрижувачка. „Здраво момци! Само сакав да кажам дека сум добро. Само морав да ги следам протоколите. Фала на сите за пораките“, напиша Алисон. Се…

Read More

18-годишниот Мајлс Луис-Скели постигна гол на своето деби за Англија во победата од 2:0 над Албанија. Неговиот гол на „Вембли“ го направи најмладиот дебитант кој некогаш постигнал гол за Англија. Талентот на Арсенал го направи тоа на 18 години и 176 дена, со што го подобри претходниот рекорд на Маркус Рашфорд, кој во мај 2016 година постигна гол против Австралија на своето деби за Англија на возраст од 18 години и 209 дена. По мечот со Албанија, Мајлс Луис-Скели беше толку емотивен што тешко наоѓаше зборови за да одговори на новинарските прашања. „Многу сум благодарен на селекторот што ми веруваше.…

Read More

Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, беше задоволен од победата на Англија над Албанија од 2:0 во квалификациски натпревар за СП, но призна дека неговата репрезентација може да игра многу подобро. Домаќините не прикажаа особено импресивен настап, но сепак целта ја постигнаа благодарение на головите на Мајлс Луис-Скели и Хари Кејн. „Мајлс беше неверојатен на тренинзите. Тој е полн со самодоверба, тој е исклучително забавна и отворена личност и е неверојатно зрел за своите години. Се што ќе видите од него на теренот, тој го носи надвор од теренот. Тој има место во овој тим и јас сум многу импресиониран…

Read More

Барселона можеби ќе остане без типичен централен дефанзивец за претстојниот одложен натпревар против Осасуна. Пау Кубарси се чинеше дека сигурно ќе ја заземе позицијата, но најверојатно ќе отсуствува поради повреда со шпанската репрезентација. Каталонците направија нови медицински тестови на фудбалерот два дена откако се повреди и издадоа официјално соопштение за неговата состојба, но без да наведат период на опоравување: „Тестовите направени утринава покажаа дека првотимецот Пау Кубарси има истегнување на предниот тибиофибуларен лигамент на десниот зглоб. Третманот ќе продолжи“, се вели во соопштението на Каталонците. Во центарот на одбраната играше и Иниго Мартинез, кој исто така е повреден, а Андреас…

Read More