Кирсти Ковентри е избрана за нова претседателка на Меѓународниот олимписки комитет.
Таа има 41 година и е поранешна двократна олимписка шампионка во пливање од Зимбабве и член на Извршниот одбор на ИОК. Таа ќе биде десеттиот претседател во историјата на организацијата и првата жена на оваа позиција.
Ковентри официјално ќе ја преземе својата функција на 23 јуни 2025 година, кога му завршува мандатот на Томас Бах и ќе го води ИОК осум години.

