Денес во Коста Наварино, Грција ќе се одржат избори за претседател на Меѓународниот олимписки комитет ( ИОК ). Во попладневните часови треба да започне изборот за нов предводник на МОК (ИОК), а 7 кандидати ќе се борат за ова моесто.
Новиот прв човек на МОК се избира со мандат од 8 години. Седум луѓе се борат за функцијата:
Себастијан Коу (Велика Британија, шеф на светската атлетика, двократен олимписки шампион во трчање)
Хуан Антонио Самаранч Јуниор (Шпанија, потпретседател на МОК)
Дејвид Лапартиент (Франција, шеф на Меѓународната велосипедска унија)
Фајсал ибн Хусеин (Јордан, член на Извршниот одбор на МОК, принцот од Јордан)
Кирсти Ковентри (Зимбабве, член на Извршниот одбор на МОК, двократен олимписки шампион во пливање)
Јохан Елиас (Велика Британија, шеф на Меѓународната скијачка федерација)
Моринари Ватанабе (Јапонија, шеф на Меѓународната гимнастичка федерација)
Актуелниот прв човек на МОК (ИОК), Томас Бах, нема да бара реизбор за уште еден мандат.

