Author: riste

Христо Стоичков и Горан Пандев ќе ги предводат селекциите на Бугарија и Македонија на хуманитарен натпревар во Варна.Фудбалските великани на Бугарија и Македонија на 27. април (17:00 часот) ќе одиграат хуманитарен натпревар во Варна, Бугарија. Целта е да се соберат средства и да се даде поддршка за настраданите во несреќата во Кочани. Целиот приход ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во Кочани. Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „Национали 94“, односно славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година која остави длабока трага во светскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, кој е на позајмица во Челзи, нема да остане кај Манчестер Јунајтед доколку се врати. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа „Х“. Според изворот, Англичанецот нема иднина во тимот се додека негов тренер е Рубен Аморим. Челзи има обврска да го купи Санчо за 29 милиони евра, но сините можат да платат казна од 5,8 милиони евра за да не го активираат откупот на играчот. Сеуште нема точни информации каква одлука ќе донесе Челзи во врска со играчот. Санчо (25) му се приклучи на Манчестер Јунајтед во летото 2021 година. На 83…

Read More

Букајо Сака изјави дека не се брза да потпише нов договор со Арсенал, но додаде дека е „јасно“ дека сака да ја продолжи својата иднина во клубот. Сака, кој треба да го направи својот прв старт по речиси четири месеци против Реал Мадрид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, има уште две години од договорот со клубот од северен Лондон. Англискиот репрезентативец беше прогласен за херој откако се врати од 101-дневно отсуство по повредата за време на второто полувреме од натпреварот против Фулам, постигнувајќи гол за победа од 2:1. „Сакам да победувам и да победувам со овој тим.…

Read More

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах се чини дека ќе го продолжи престојот на „Енфилд“ и покрај сензационалната понуда што ја доби од клуб во Саудиска Арабија. Според информациите, египетскиот напаѓач отфрлил збунувачка понуда вредна 200 милиони евра годишно – речиси 10 пати повеќе од неговата сегашна плата во Ливерпул. Салах моментално заработува околу 410 илјади евра неделно, што е еднакво на околу 21,3 милиони евра годишно. Интересот од Блискиот Исток не е ништо ново, но овој пат понудата беше во сосема нови размери – а сепак, 32-годишниот Салах даде индикации дека сака да остане во клубот со кој постигна импресивни…

Read More

Овој викенд (5 и 6 април), градот Велес беше домаќин на второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст, каде што учествуваа најдобрите кајакари од Југоисточна Европа. Натпреварите се одржаа на реката Вардар, каде што природните услови и солидната организација овозможија возбудливи трки и врвни резултати. Класик трка – 5 април (Југоисточна Европска лига) Во најсилната категорија – К1 сениори, златото го освои Љубомир Спасиќ од Македонија, пред Невен Клеут од Србија и Јосип Слошњак од Хрватска. Во јуниорската конкуренција, прв беше Благој Гугинов (МКД), пред Илија Клеут и Лука Чолич (двајцата од Србија). Во…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е оптимист за преземање на репрезентацијата на Бразил доколку шпанскиот гигант го отпушти на крајот од актуелната сезона, објави „Релево“. Според изворот, претседателот на Бразилската фудбалска федерација (ЦБФ) Едналдо Родригез сака да го види италијанскиот стручњак како селектор на националниот тим. Исто така реномирани играчи како што се Алисон, Маркињос, Данило позитивно го оценуваат потенцијалното назначување на Анчелоти. Доаѓањето на 65-годишниот специјалист во репрезентацијата ќе го поздрават и бразилските фудбалери на Реал Мадрид: Винисиус Жуниор, Родриго, Едер Милитао и Ендрик. Сепак, Анчелоти не сака да го напушти шпанскиот гигант додека не му истече договорот во 2026.…

Read More

Легендата на Баерн Минхен, Томас Милер ќе се раздели со клубот ова лето откако ќе му истече договорот и нема да биде обновен. По долгата кариера која започна во 2008 година во баварскиот гигант, 35-годишниот офанзивен играч за врска е подготвен за нов предизвик. Иако го напушта германскиот шампион, Милер нема намера да стави крај на фудбалската кариера. Напротив, се чини сè поверојатно дека неговата следна станица ќе биде преку океанот, во фудбалската МЛС лига. Според информациите на „Билд“, сериозен интерес веќе пројавиле неколку американски тимови. Меѓу нив се и Синсинати и новиот клуб од Сан Диего, кои веќе дадоа…

Read More

Александре Лаказет запиша уште една златна страница во кариерата, откако го постигна својот 157 гол во Лига 1 и влезе меѓу 20-те најдобри стрелци на сите времиња во француската елита. Напаѓачот на Олимпик Лион беше дел од победата од 2:1 над Лил за да ја престигне легендата Жан-Пјер Папен (156 гола) и да се израмни со Дезире Корани на 18-то место на вечната листа на стрелци. Важната победа на Олимпик Лион дојде во клучен момент од сезоната – тимот се искачи на 4-та позиција во поредокот, на само два бода од второто место. Лион дојде до израмнување во 38. Минута,…

Read More

Женската репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот пред одигрување на бараж двомечот со селекцијата на Полска за пласман на СП 2025. Селекторот Кристијан Грчевски за овие два натпревари ќе смета на 20 ракометарки, а на собирот беше присутен и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, кој им посака среќа на ракометарките пред големиот предизвик. На првиот собир беше присутна и Индира Кастратовиќ, директорката на сите женски селекции, која исто така им даде поддршка на ракометарките. По два тренинзи во Скопје, ракометарките во вторник патуваат за Кошалин, градот каде ќе се одигра првиот бараж натпревар со Полска на…

Read More

Македонската женска тениска репрезентација денеска во Ларнака ги дозна противничките во рамки на натпреварите од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Македонија се најде во групата Ц со селекциите на: Норвешка (носител), Јужна Африка и Косово. Во првото коло македонските тенисерки утре ќе играат против репрезентацијата на Јужна Африка. Репрезентацијата на Јужна Африка се наоѓа на 85. место на ранг листата на БЏК купот и ланската сезона како најуспешна селеција од Третата зоната од Африка успеа да избори пласман во Втората зона. Составот на оваа селекција е малку познат и го сочинуваат: Џани Ван Зил, Дона Ле Ру,…

Read More