Тренерот на кошаркарите на Бостон, Џо Мазула, ја коментираше изненадувачката одлука на челниците на Денвер да го отпуштат тренерот, Мајкл Мелон.
„Се будам секој ден со мисла дека може да ми биде последен. Тоа е мотивирачко. Таквата перспектива е корисна“ – вели тренерот на Селтикс.
„Мора да постигнете рамнотежа помеѓу знаењето дека ја сакате работата и во исто време дека сте прилично лесно заменливи. Тоа е факт“ – рече тренерот на Бостон.

