Барселона сака да се раздели со 35-годишниот полски напаѓач Роберт Левандовски ова лето, пренесуваат медиумите во Шпанија. Според истите, раководството на клубот сака да се ослободат од фудбалерот за да ја олеснат сметката за плата. Играчот добива околу 30 милиони евра годишно. Барселона планира да го испрати Левандовски во Саудиска Арабија или Премиер лигата, каде за играчот има интерес од неколку клубови. Да потсетиме, Левандовски оваа сезона учествуваше на 47 натпревари на сите турнири, на кои постигна 25 гола и девет асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2026 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на…
Author: riste
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус, Карлос Тевез ја напушти функцијата тренер на Индепендиенте, соопшти аргентинскиот клуб. Самиот 40-годишен тренер го известил претседателот на тимот за неговата одлука да си замине. Тевез го презеде тимот минатото лето и го предводеше тимот на 31 натпревар во кои забележа 14 победи, 10 нерешени и 7 порази со гол разлика 37:27. Поранешниот голгетер претходно беше на чело на друг локален тим, Розарио Централ.
Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе беше изоставен од тимот на францускиот шампион за последниот натпревар од Лига 1 против Мец кој се игра вечерва. Како што е познато, Мбапе ќе си замине на крајот од сезоната и речиси сигурно ќе игра во Реал Мадрид, а се чини дека веќе го одигра последниот натпревар со парискиот тим. Сепак, постои можност Мбапе да настапи во финалето на Купот на Франција против Олимпик Лион следната недела. На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната. Неколку дена подоцна беше објавено дека мадридскиот клуб…
Реал Мадрид е заинтересиран за трансфер на 25-годишниот играч од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мек Алистер, пренесуваат англиските медиуми. Според истите, во Ливерпул добиле писмо со кое јасно се искажуваат желбите за ангажирање на играчот, но се уште нема конкретна понуда од Мадрид. Реал Мадрид сака да го ангажира Мек Алистер по следната сезона, кога Тони Крос и Лука Модриќ најверојатно ќе го напуштат шпанскиот тим. Алексис Мек Алистер игра за Ливерпул од летото 2023 година. Аргентинскиот играч за врска претходно настапуваше за Брајтон. Оваа сезона 25-годишниот фудбалер одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и имаше седум асистенции. Неговата…
Претседателот на шпанскиот клуб Севиља, Хозе Марија дел Нидо Караско, објави дека актуелниот тренер на клубот, Кике Флорес, ќе го напушти клубот по крајот на сезоната. „Вчера околу 10 часот навечер се договоривме денес Флорес на прес-конференција да соопшти дека ќе биде тренер на Севиља само до 30 јуни. Да, Кике ќе ве извести дека следната сезона нема да биде тренер на Севиља. Заблагодарете му се. Тој посвети многу, многу часови работа на ова и постигна многу важна цел. Тој рече дека Севиља секогаш ќе биде негов дом и град“, изјави претседателот на клубот за шпанска „Марка“. Да потсетиме дека Флорес стана…
Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Филип Фоден е прогласен за најдобар играч во актуелната сезона во англиската Премиер лига. Ова го објави официјалниот сајт на „граѓаните“. Да потсетиме, оваа сезона од англиската Премиер лига, 23-годишниот фудбалер учествуваше на 34 натпревари, на кои постигна 17 голови и 8 асистенции. Во конкуренција на Фоден беа: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Александар Исак (Њукасл Јунајтед), Мартин Одегард (Арсенал), Кол Палмер (Челзи), Деклан Рајс (Арсенал), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Оли Воткинс (Астон Вила). Актуелниот договор на Фоден со клубот трае до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 130 милиони…
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски следната сезона ќе го брани голот на германскиот бунделсигаш Потсдам. Овој тим на три кола до крајот на Втората Бунделига има обезбедено пласман во елитата следната сезона. Мартин Томовски има бундеслигашко исксуство од Лудвигсхафен, а во Потсдам доаѓа на местото на 21-годишниот Ласе Лудвиг, кој оди во Фуксе Берлин. „Со нетрпение очекувам да заиграм за Постдам и по вторпат во најсилната лига во светот. Поискусен, постар и подобар од првиот пат во Германија. Задоволство е да се биде дел од Постдам, тим составен од млади и квалитетни ракометари. Можам да ветам дека ќе дадам сè…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер како фаворити за освојување на Купот го дочекуваат стартот на финалниот турнир во Скопје. Битолчани в петок во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одиграат полуфиналниот меч со екипата на Тиквеш, а стратегот на „зелено-белите“, Бранко Ангеловски, вели дека дуелите со Тиквеш, особено оној на гости во првенството, беше најтешкиот за нив оваа сезона. „На полуфиналниот меч со Тиквеш мора да влеземе максимално мотивирани со пристап кој го имавме во текот на цела година и само со таков пристап може да очекуваме место во финалето. Мечот со Тиквеш на гости беше можеби и најтешкиот меч за нас…
Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Александар Милојевиќ, ги изрече казните за пропусти во организацијата на третиот натпревар од полуфиналната серија на плеј-офот меѓу Пелистер и Работнички. Екипата на Пелистер која беше домакин на оваа средба ќе треба да плати 84.000 денари по разни основи, а комесарот за безбедност на Пелистер, во следните шест месеци нема да може да извршува никаква функција во кошаркарскиот спорт, заради притисок врз официјалните лица. Марјан Илиевски доби суспензија од еден натпревар. Директорот на Работнички, Тодор Гечевски беше иницијатор на инцидент и плукање во четвртата четвртина и заработи исклучување. Токму поради тоа Гечевски заработи суспензија од два натпревари.…
Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од завршницата на Купот на Македонија во машка и во женска конкуренција. Скопското полуфинале меѓу Вардар 1961 и Алкалоид ќе го судат битолските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а скопските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе судат на дуелот Еурофарм Пелистер – Тиквеш. Финалето, кое е предвидено за в недела од 19:00 часот ќе го водат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Браќата Ќаеви и браќата Георгиевски ќе ги судат женските полуфинални средби, додека финалето им е доверено на двојката Вукашиновски и Трајковски.
