Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство 2025 година. Нашите најдобри ракометари гостуваат кај Фарски Острови, репрезентација која е незгоден противник, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој Македонија вечерва ќе се обиде да дојде до позитивен резултат во Торшавн. Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров и младиот ракометар на Алкалоид, Дамјан Митев. Во изборот на Лазров секако се и искусните Митревски, Кузмановски, Талески, Пешевски и останатите, додека на трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Мартин Карапалевски и Иван Џонов. Натпреварот во Торшавн…
Author: riste
Реал Мадрид го пречекува Баерн Минхен во уште една епска пресметка во Лигата на шампионите по минатонеделното реми 2:2 во Германија. Победникот од полуфиналниот реванш ќе се пласира во финалето на Вембли на 1 јуни. Реал Мадрид е незгоден противник за Баварците, бидејќи Кралскиот клуб константно го елиминираше својот ривал во последните три пати. Германците секако мака мачат против Реал Мадрид и на последните осум средби меѓу двете екипи имаат вкупно 6 порази и само две нерешени, иако се покажаа добро на првата средба. Карло Анчелоти има многу успешно скор против баварскиот гигант, со шест победи, три нерешени и ниту…
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва гостува кај Фарски Острови во првиот бараж меч во битката за место на следното Светско првенство кое ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска. Оваа ракометна мисија на нашите репрезентативци нема да биде лесна, ждрепката ни даде ривал кој е во сериозен подем, но за да го задржиме континуитетот на настапи на големите собири мора да го добиеме овој двомеч. Нашата репрезентација има континуитет со настапи на големите натпреварувања од 2012 година и е редовен учесник на Европските и Светските првенства, а тој континуитет мора да продолжи за доброто на ракометот во нашата земја. Нашите ракометари од вчера се во Торшавн,…
Кариерата на Марко Ројс во Борусија Дортмунд е при крај, а има ли подобар начин да се збогува со клубот од враќањето на стадионот Вембли за уште едно финале во Лигата на шампионите 11 години по поразот од Баерн Минхен. Борусија го елиминираше Пари Сен Жермен во полуфиналето по две победи со 1:0 и се пласираше во финалето на престижното фудбалско натпреварување за прв пат од 2013 година. Тогаш тимот од Дортмунд загуби од Баерн токму на „Вембли“ на почетокот на професионалната кариера на Ројс во Борусија. 34-годишниот Марко Ројс се врати во Борусија Дортмунд во 2012 година, а на…
Големиот херој за Борусија Дортмунд – Матс Хумелс ги изрази своите емоции по триумфот на неговиот тим против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. Борусија се пласираше во финалето на Вембли со вкупни 2:0 и Хумелс призна дека тоа бил најважниот гол во неговата кариера. „Неверојатно е да се дојде до финалето, не многу луѓе ни дадоа шанси, но ние сме тука и за 20 дена на Вембли ќе треба да го играме нашиот најдобар фудбал“. „Најважно беше што имавме добар голман и имавме среќа што тие ги погодија стативите во двата натпревари. Ако сакавме да стигнеме…
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике не беше многу расположен за зборување по елиминацијата на неговиот тим во полуфиналето од Лигата на шампионите од Борусија Дортмунд. Францускиот тим на овој меч четири пати ја погоди пречката од голот на противникот, но ниту еднаш не успеа да постигне гол во оваа средба и логично испадна. „Тоа е суштината. Мислам дека денеска заслуживме многу повеќе. Создадовме многу шанси. Денеска имавме многу шанси, но среќата не беше на наша страна. Шест пречки или стативи на два натпревари и да не можеш да постигнеш гол не е воопшто вообичаено. Немавме среќа и мораме…
Со победа од 91:67 кошаркарите на МЗТ Скопје А. ја остварија и втората победа во полуфиналната битка со ТФТ. По оној прв неизвесен меч и тесна победа на „штрковите“, вечерва во вториот домашен меч бранителот на титулата се чини и да немаше проблеми. Уште во првото полувреме домашните направија предност од 21 поен (50:29) и само потврдија дека втората победа е на чекор. ТФТ успеа да поднамали од разликата во третиот период, но до крајот домашните доминираа. Делалиќ постигна 20 поени за „штрковите“, додека Војдан Стојановски беше втор стрелец со 15 поени. Кај ТФТ, Американецот Верц постигна 18 поени. Третиот…
Екипата на ПСЖ доцна вечер во 21.00 часот ќе го пречека составот на Борусија Дортмунд во вториот меч од полуфиналето на елитата на Европа. Германците допатуваа во Франција со минимална предност од 1-0 остварена на – „Сигнал Идуна Парк“. Тимовите беа ривали и во групната фаза. Во досегашните нивни средби, ПСЖ има две победи, три меча завршиле нерешено а бундес-тимот победил два пати. Можни состави: ПСЖ: Донарума; Хакими, Маркињос, Бералдо, Мендес, Заир-Емери, Витиња, Фабиан Руиз, Дембеле, Мбапе, Баркола. Борусија Д: Кобел; Рајерсон, Хумелс, Шлотербек, Маатсен, Кан, Сабицер, Адејеми, Брант, Санчо, Филкруг. Главен судија ќе биде Даниеле Орсато од Италија.
Голманот на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, во неделата постави рекорд за странски голман во Бундеслигата, забележувајќи го својот 292-ри натпревар. 34-годишниот фински чувар играше во победата на Леверкузен од 5:1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно го држеше, Швајцарецот Јан Зомер. „Сакам да ги читам весниците и написите од натпреварот и ги видов тие информации денес. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клуба“, изјави Храдецки за ДАЗН. Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настап за…
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека неговата екипа ќе бара севкупен успех како домаќин во полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд. Првиот натпревар заврши со успех од 1:0 во корист на Германците. „Знаеме каков натпревар не очекува, а резултатот зависи и од однесувањето на противникот. Целта не е да се победи со два гола разлика, туку едноставно да се победи. Способни сме да постигнеме два гола за три минути, но можно е и да настрадаме од таа желба. Затоа мора да бидеме сконцентрирани не само во нападот туку и во одбраната. Нема да биде…
